2win800x200

Отстранет клавирот од кружниот тек, се заменува со цветна леа

Мај 22, 2020

Клавирот кај кружниот тек на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола е отстранет, објави „Нова Македонија“.

Инаку, клавирот беше поставен во 2014 година како декорација на кружниопт тек додека на власт беше екс градоначалникот Владимир Талески. Експонатот ја симболизираше историјата на Битола како град на клавири, но дел од битолчани го критикуваа неговиот изглед и одржувањето зашто во периодот кога во Скопје се градеа споменици, наместо скулптура од клавир која би се извајала, беше поставен инструмент кого го оштетија атмосферските влијанија. Воедно, критиките беа и во наскока на тоа дека тогашната власт го објави Офицерски дом на продажба со се концертна  сала каде низ историјата свиреле врвни пијанисти, а од друга Општината го украси кружниот тек  кај Веро со клавир за да асоцира на музичката традиција.

Сега клавирот е повлечен, а се реставрира Офицерскиот дом кој во иднина ќе биде Центар за култура. На местото на клавирот битолските комуналци посадија цвеќиња.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани