2win800x200

Машки близнаци се првите новороденчиња во Новата година во Битола

Јануари 01, 2018

Машки близнаци се првите новороденчиња во Новата година во Битола. Во битолската болница во текот на новогодишната ноќ  се родија  вкупно 9 бебиња, 5 машки и 4 девојчиња.

- Првиот ден на гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница Битола среќен, плоден и бериќетен. Во текот на новогодишното дежурство, породени се 9, од нив 7 раѓања се по природен пат и две раѓања со царски рез. Првите новородени се близнаци, првиот роден на полноќ, тежок 2400 г долг 45 сантиметри, вториот близнак една минута после полноќ, 2410  г долго 45 сантиметри. Неизмерна радост близнаците и донесоа на мајката Александра Стрезовска, 32-годишна , второротка.  Сите новородени се здрави и живи,  во добра кондиција, мајките во општа добра состојба. Минатата година ја завршивме со 1110 раѓања, со надеж дека оваа година ќе имаме уште повеќе новородени, изјави д-р Николина Ристевска, гинеколог

Мајките и новороденчињата ги посети градоначалничката Наташа Петровска.

-На сите им поскаувам здравје, живот, да се радуваат родителите на нив и да ги израснат  во личности кои зад себе ќе остават трага и ќе покажат што значи да ги цените благодетите на животот. Ова е голема радост, а една од привилегиите да се биде градоначалник е токму да се радувате на ваквите мигови, изјави  Наташа Петровска, градоначалник на Битола 

natasa bebinja

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани