Webp.net gifmaker

Деновиве КЈП „Нискоградба“ Битола интезивно врши поставување и приклучување на секундарната канализација во с. Трново со што септичките јами стануваат минато за жителите и викенд куќите во овај дел од Потпелистерието.

-Да ја вратиме чистата вода на Пелистер, информираат од „Нискоградба“.

ниско 1

Во наредните денови почнувајќи од понеделник, 17. 02. 2020 година, па натаму, поради изведба на градежни канализациони работи на локалниот пат за село Трново ќе има трајни или повремени прекини на сообраќајот во периодот од 08 до 14 часот на потегот од кај кафеаната Шумски фенери па нагоре, поради што се препорачува внимателно возење. 

Се известуваат жителите на селото Трново (на потегот од фармата во с.Дихово до црквата во с.Трново) кои се сопственици на викендици, потребно е да се јават во техничката служба на ЈКП "Нискоградба" заради склучување на договори за изработка на приклучоци во фекалната канализациона мрежа која е во фаза на изградба.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани