Webp.net gifmaker

Инспекторите на теран ловат потпалувачи на оган

Јануари 31, 2020

Општинскиот инспекторат врши редовни контроли на терен, а само во вчерашниот ден беа забележани неколкумина обиди за палење на оган во Трново и Битола.

 

„Конкретно за вчера беше постапено и евидентиран случај на палење оган на отворен простор во селото Трново, а извршена е и контрола на неколку локации во градот. Во попладневните часови постапено е согласно Законот за јавна чистота и во два случаи во близина на населбата Баир, каде што е забележано палење на оган на отворен простор. Општинскиот инспекторат, продолжува со редовни контроли на терен и ќе биде постапено во сите случаи каде што ќе биде евидентирано непочитување на законот и несовесно однесување“, соопштија од Општина Битола за Апла.мк .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани