2win800x200

Аргументи се помалку и се потанки (пишува Валентин Груевски)

Февруари 20, 2020

Кога на крајот на 2017 година, се направи смена на локалната власт и после 12 години  власт на ВМРО-ДПМНЕ, дојде нова власт, во јавноста преовладуваа многу теми, кои навистина беа приоритетни  и граѓаните со право реагираа, и бараа решение за истите. Обврските растеа.

Гледајќи од оваа дистанца, особено ми е драго , што голем дел од проблемите никој повеќе  не ги спомнува, а уште ми е подраго, што дури и на социјалните мрежи се зборува , зошто ова е вака или онака направено, при тоа несвесно се признава дека одредена работа се прави. Сега дали можело поинаку или подобро веќе е прашање на перцепција, вкус, очекувања.

Критичарите несвесно признаваат дека проблемите се решени

Обиколница, полигонот, Офицерски, Локални патишта околу Битола во сите правци, Стадион, Блокирани сметки на училиштата, Спорт, Базен, Касарната, Неосветлениот град , Условите во градинките, Пречистителна станица на Пелистер и многу, многу други теми беа, со право, исклучителен интерес за целата јавност, а се бараше решение  за сите одма и веднаш.  Денес никој повеќе не ги спомнува, а и кога се спомнуваат, се бара некоја грешка, се даваат решенија за подобро функционирање.  Критичарите несвесно признаваат дека проблемите се решени, ама можело да биди подобро.

За Полигонот, кој Битола го немаше осум години, ќе слушнете,  дека кога врни дожд  бери многу вода, дека нема пропратни содржини,  дека е далеку, што и тоа да значи, дека патот до него врви преку пруга, иако до него има и друг пат кој не води преку пруга, за Обиколницата, за која покрај реконструкцијата, и решениот проблем со ѓубрето, и најавата дека ќе се гради заштитен ѕид, сугестиите се од каков материјал треба да биди направен, колку да биди висок, од каде до каде да се простира, што докажува дека проблемот е решен, ама дискусиите, дел добронамерно , дел не, сугерираат решенија. И тоа е добро, затоа што е доказ дека проблемот бил решлив и се решава.

Сменет ,,личниот опис“ 

Училиштата се исто така многу интересна приказна. Се обидувам да видам опозициска прес конференција, фб статус, изјава, точка на дневен ред за блокирани сметки, за исклучени струи, за неплатени долгови, ама никако да видам. Од време на време, ќе видам нешто како на пример, зошто тоалетите се реновираат еден  по еден а не сите заедно, зошто се смени греењето во ОУ „Кирил и Методиј“, а не во сите наеднаш, зошто се реконструира салата во ОУ„Трифун Пановски“, а не сите сали во сите училишта, зошто ќе се асфалтира ОУ„Кирил и Методиј“, зошто се смени дограмата само во Кукуречани,  зарем не можеше секаде.

За градинките, во кои се смени ,,личниот опис “ на истите, сум ја слушнал реченицита, и порано било така , ова сега е само продолжување на она што се правело во минатиот период. За Офицерски, зошто ќе биди готов за една година, зошто не за шест месеци, за климите зошто сега, а не пред две години и многу вакви слични прашања, како потврда на тезата која ја изнесувам во горниот дел од текстот.

Без желба, сега и овде, да набројувам, што сѐ ќе има во наредниот период, уверувам дека аргументи ќе има се помалку и ќе бидат сѐ потенки.

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани