Webp.net gifmaker

МИНАТОТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ СВОЕТО МЕСТО (Пишува Билјана Галовска)

Мај 23, 2020

Вие не сте вашето минато, Вие не сте она што ви се случило, Вие не сте вашето однесување, Вие не сте вашите порази и триумфи. Вие сте она што сте одлучиле да бидете сега!

Често среќавам луѓе, кои се заглавиле некаде во нешто што припаѓа на минатото. Тоа се случува најчесто кога не можеме да прифатиме нешто од него, нешто кое не ни е јасно, нешто кое се случило или најчесто нешто од кое излегуваме повредени, па тоа директно или индиректно зависело од нас. Така ден за ден, ставајќи го фокусот на тоа, тој дел станува секојдневие преку нашите мисли и минатото станува актуелна сегашност. Наместо минато, на кое треба да му го покажеме местото на кое припаѓа на нашата временска линија, ние стануваме ,,главни виновници,, кои го продолжуваат животот кој не постои, а толку е присутен. Како поминува времето, колку повеќе сакаме да се ослободиме од него, толку тоа станува поприсутно. Ако за некого зборуваме секојдневно, за нешто размислуваме секојдневно, а поминало, корисно е да си го поставиме прашањето: Дали можем тоа да го променам сега? Ако не можеме треба да прифатиме дека се што поминало, така требало и да биде. Се е за наше добро.

Чарли Чаплин во една прилика кажал шега на која сите се смееле, ја кажал истата шега и по втор пат, па се смееле неколкумина, веќе третиот пат никој на тоа не се смеел, па Чаплин им рекол ,,ако не се смеете на иста шега секогаш кога ќе ја слушнете, тогаш зошто се грижите секој ден за истите работи,,?

Вие сте тие што му давате сила и моќ на нешто што не постои. Вие сте тие што можете да го прочистите сегашниот момент од нешто што завршило некаде таму, а влијае на него. Реално многу малку простор се одвојува за сегашноста, затоа што фокусот ни е на она што било или што ќе биде, па го пропуштаме сегашниот момент, оптоварен само со нешто кое постои во нашиот ум. И да постои сегашоста, таа е контаминирана со се она што не припаѓа таму. Корисно е да размислите што моментално постои во вашиот живот, а што веќе е минато. Ако сегашноста е контаминирана од минатото кое Вие преку вашите мисли го реанимирате секој ден, време е да го сфатите тоа, да отпуштите и да го ставите на вашата временска линија хронолошки на местото на кое припаѓа. Знаете дека е тука, но ја користите само лекцијата од него. Прочистете ја сегашноста од настани кои не припаѓаат таму, од нешто кое се случило или треба да се случи. Потоа помислете што навистина постои, сега ? И, така уживајте во неа, “олеснета” од нешто кое било или треба да биде.

Ако постои нешто кое не можете да го простите, треба да знаете дека има начин. Прогресивните сесии за менување на фокус и простување ви стојат на располагање, а секој од Вас пред да се одлучи за коучинг процесот има можност за инфо разговор.

Пишува: м-р Билјана Галовска, професионален коуч и НЛП тренер, предавач на Бизнис Академија Смилевски во областа на организациско однесување и комуникации. Инфо Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани