Webp.net gifmaker

Бележење на пешачките премини преку ден за да се суши бојата

Март 19, 2019

Наскоро повторно ќе се бележат пешачките премини, соопштија од Општина Битола. Бележењето ќе го прават неколку екипи на терен, најпрво во централното градско подрачје, особено на пешачките премини кај училиштата и фреквентните улици, а потоа, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.

Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.

 

Во текот на оваа недела, ЈКП „Комуналец“, со своите возила и служби, активно врши темелно чистење и миење на улиците, со цел да се изведе поквалитетно бојадисување и бојата да се задржи подолго на коловозите.

Со оглед на тоа дека во овој период во текот на ноќните и утринските часови ниските температури не дозволуваат сушење на бојата во одреден рок, обележувањето на хоризонталната сигнализација ќе мора да се изведува во текот на денот, кога температурите се повисоки. Оттука, Општина Битола испраќа апел до возачите да бидат трпеливи за време на одбележувањето на пешачките премини, или, по можност во овај период почесто да користат градски превоз.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани