2win800x200

Идни рудари денес полагаа парктичен дел од матурата во Брод Гнеотино

Јуни 10, 2019

Шест ученици од четврта година од геолошко – рударската и металуршката струка при СОУ „Таки Даскало“ од Битола денес во РЕК „Битола“ полагаа практичен дел од завршниот испит за профилот ракувач со рударски машини. Полагањето се одвиваше во Рудникот Брод Гнеотино, под менторство на професори од училиштето и стручни лица вработени во комбинатот. Учениците покажаа одлични познавања на проблематиката што ја совладуваа во текот на целата учебна година.

 

„Учам за ракувач на рударски машини. Од мал ги сакав овие машини и веќе со ова ми е исплнета желбата“, рече Драганчо Тасевски. „

Вкупно 26 ученици од трета и четврта година од СОУ „Таки Даскало“ изведуваа практична работа во РЕК Битола секој понеделник, среда и четврток, а за првпат откако се реализира активноста комбинатот годинава обезбеди превоз, заштитна опрема и оброк за учениците и професорите.

„Продлабочување на соработката со стручните училишта во Битола во кои се изучуваат предмети сродни на потребите на РЕК Битола останува предизвик за комбинатот и во иднина. Согласно најавите за унапредување на дуалното образование во земјава, РЕК Битола има намера да внесе дополнителен квалитет во практичната настава, со што ќе се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на стручен кадар на пазарот на труд и ќе се зголеми процентот на вработени млади лица“, велат од РЕК „Битола“. 62229709 2249548115360335 3125679711137562624 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани