Не можат без коледарски оган, но можат да не палат што ќе стигнат

Јануари 05, 2020

Битолчани не можат без коледарски огнови, тоа го докажаа и годинава. Не е еколошки, не е верски обред, но факт е дека е традиција врежана во колективното однесување со десетици години. Ако се изезмат пијанките, дружбата околу огнот барем е чин на социјализација.

 

Коледарскиот оган ќе ги собере соседите кои зафатени со секојдневните обврски на брзина скршуваат само по некоја реченица на улица, ќе ги збере друштвата кои од работата не успеале да се соберат долго време, ќе ги врати дома и нашите иселеници. Има иселени битолчани кои специјално се враќаат на коледарскиот оган да бидет заедно со другарите од детството, од младоста, од малата...

И кога веќе не се може без овој адет, колку пагански и да бил, барем да не се гори што ќе се најде. Според старите кажувања, огнот го пали оној кој има бремена жена или сака да добие принова, па се верува дека ако ги потпали дрвцата ќе му се роди машко дете. Потоа, сите соседи или други гости на огнот носат по две-три дрвца за да се разгори огнот и да се одржува. Добро ќе биде за огнот да се користат дрва, а не прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал. Тие ќе предизвикаат уште поголемо загадување. Доколку се горат вакви отпадоци, тоа веднаш се чувствува во воздухот по лошата миризба. Барем толку да сме совесни.

И сите оние кои вечерва го истерале адетот, утре од сабајле да од на оган да не се префрлат на фејсбук и да коментираат колку бил загаден воздухот. Или бедете екологисти до крај и практикувајте го тоа секаде или ако не можете без коледарската традиција тогаш не ширете фама!

Ж.Здравсковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани