Нашата Ева Сиваков со забележителен успех на Државниот натпревар по астрономија

Март 10, 2020

На Институтот за физика во рамките на Приридно-математичкиот факултет во Скопје, на 6 и 7 март се одржа  Школа по астрономија. Од СОУ „Таки Даскало“-Битола учество зеде ученичката Ева Сиваков од I-12 клас, билингвална паралелка. Во рамките на Школата се одржа и  Државниот натпревар по астрономија, на кој Ева Сиваков освои пофалница.

 

-Ако се има предвид дека прво место не е доделено, а второто и третото го освоија ученици од IV година, можам да кажам дека тоа е повеќе од солиден резултат. Според ова, стоиме рамо до рамо со гимназии од рангот на „Корчагин“ и „Нова“-изјави Татјана Црнец, професор по физика во СОУ „Таки Даскало“ и ментор на ученичката.

Ева вели дека е благодарна за дадената шанса на учествува на овој натпревар.

-Едноставно се чувствувам среќна што имав шанса да учествувам на настан кој ми го прошири знаењето и отвори видици за мене-вели  ученичката Сиваков.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани