Webp.net gifmaker

Со одговорно однесување да им помогнеме на здравствените работници, порача Костадиновска

Мај 20, 2020

Да им помогнеме на здравствените работници во справувањето со корона кризата со тоа што ќе е однесуваме одговорно и ќе ги почитуваме препораките, порача Бисера Костадиновска, кандидат за пратеник од петтата изборна единица од Коалицијата на СДСМ. 

 

 
,,Секој од нас е подеднакво одговорен за справување со кризата со КОВИД-19. За да ја одржиме епидемијата под контрола и за да го заштитиме нашето и здравјето на нашите најмили, да одржуваме физичка и социјална дистанца, да не се групираме, да носиме заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не е возможно да ја одржиме дистанцата, редовно да вршиме дезинфекција и редовно да миеме раце. Бројките се факти а фактите покажуваат дека бројот на оздравени пациенти е значително поголем од ден во ден а бројот на активни случаи се намалува. И се тоа поради навременото и професионално делување на нашите здравствени работници", порача Костадиновска. 
 
Таа нагласи дека  овој вирус не смее и не треба да подразбира крах на општеството, економијата, и слободното движење на граѓаните. 
,,Потребни се избори заради здравјето на граѓаните, економијата, функционални институции и новата нормалност. На денот на гласањето, да се однесуваме одговорно и да ги почитуваме препораките! Изборите дополнително ќе ни помогнат да ја ставиме под контрола оваа ситуација и секоја следна која може да се случи", рече Костадиновска на денешната прес конференција. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани