Роме: Матуранти - горди сме на вашата генерација која зад себе остави бројни успеси и пријатни сеќавања

Мај 21, 2020

 Директорот на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ Битола, Владимир Роме,  упати честитка до матурантите генарација за кои вели дека поради корона кризата матурата ја дочекаа невообичаено во услови кои се поразлични  во изминатите 6 децении од кога постои техничкото училиште.

Драги матуранти,

Го завршувате средното образование во невообичаени, вонредни услови и со тоа се издвојувате од генерациите кои во изминативе 60-ина години на поинаков начин се разделија од Техничкото училиште. Сега сте на почетокот на вашите животни крстопати што во вас поттикнуваат размислувања за тоа кон што ќе се насочите во иднина, во која област ќе одлучите да се дообразувате и да работите. Ние сме горди со уште едно успешно заокружување на воспитно-образовниот циклус на генерација ученици каква што е вашата, која зад себе остави бројни успеси и пријатни сеќавања што заземаат важно место во нашето богато неколку децениско постоење. Верувам дека и вие сте горди и задоволни што вашето средно образование го стекнавте токму тука. Во мое име и во името на вработените во Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ ви ги честитам матурата и полнолетството и ви посакувам голем успех на професионален и на личен план.

Со искрена почит до сите вас,

Владимир Роме директор

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани