Webp.net gifmaker

Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк Сокак, напиша Јелена Томашевиќ под фотографијата на најпознатата битолска улица

Ноември 16, 2019

Српската поп ѕвезда, Јелена Томашевиќ, пред вечерашниот концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, прошета по Широк Сокак и се пофали со фотографија на инстаграм под која напиша : „Ако одам во Битола ќе прошетам по Широк Сокак“, стих од една од најпопуларните песни за Битола чиј автор е Петар Георгиев Калица.

Исто така ја посети Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и објави  фотографии под кои напиша „Нека ти е вечна слава ангеле“.

20191116 150525

Таа со своите фанови сподели и дека ги посетила и родителите на Тоше, како и неговиот најдобар пријател

20191116 150451

„Се запознав денес со родителите на Тоше, прекрасни луѓе, домаќини. Ме дочекаа со таква љубов ,тоа ме трогна. Се сретнав и со најдобриот другар на Тоше од Крушево. На крај, кога се поздравуваме, отиде до неговата куќа, ја изваде сликата од ѕидот во својата соба и ми ја подари мене. Секој збор понатаму е вишок, напиша Јелена на инстаграм.

20191116 150553

Таа вчера  засади дрво пред Центарот за култура во Битола

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани