Лекови на позитивна листа за болните од хепатит, бараат од Хепар центарот

Ноември 22, 2019
Околу 25  илјади луѓе  во државата се заболени од вирусни  хепатити , но за нив нема лекови  на позитивната лиса. Терапијата за хепатитис  Б, пациентите имаат можност да ја набават само  приватно. За хепатитис Ц, оние кои можат ја купуваат од странство и е многу  скапа, велат од невладината  „ Хепар ценатар“ од  Битола.  
 
-Имаме болест која се лечи, но немаме лекарства. Имавме некои донации, потоа Министерството најави дека оваа терпаија ќе биде достапна кај нас, но еве се уште ја нема. Апелираме да се направат побрзи чекори оваа терапија да биде достпана за пациентите кои го имаат ова заболување, вели Милан Мишковиќ, НВО „Хепар центар“-Битола.
 
Бројот на заболени во Македонија посотјано се зголемува,  а голем дел од нив не знаат дека се заразени. Кај нас недостига превенција и тестирање, посбено на ризчните групи, велат од Хепар центарот.  
 
-Голем дел од тие луѓе не се ни свесна дека ги носата овие вируси. Тое е огромен проблем затоа што трансмисијата која е еден од начиние за пренос на оваа болест е голема. Ако не сме свесни дека сме заболени, можеме да ги заразиме луѓето кој најмногу ги сакаме, вели Мишковиќ  
 
Хепар центарот  со марш по битолски Широк Сокак ги започна активностите по повод Европската недела за тестирање на Хепатитис, со цел  подигање на свеста, посебно на младата популација за превенција и и спречување на ширењето ова вирусно заболување.
Е.М.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани