2win800x200

Здружението за македонско-германско пријателство од Битола прослави 23 години постоење (фото и видео)

Ноември 23, 2019

Со приредба на германски и македонски јазик, 70 ученици од 6 основни и средни училишта во Битола денеска ја одбележаа 23 годишнината од постоењето на Здружението за македонско-германско пријателство во Битола.  Д-р Валентина Илиевска професор по германски јазик и основач на здружението констатираше дека „ако пред 23 години професијата професор по германски јазик беше загрозена бидејќи имаше помалку настава по германски јазик, денеска можеме да се пофалиме дека во сите основи и средни училиште се одржува настава по германски јазик“. На свеченоста присуствуваше германскиот амбасадор во нашата држава Н.Е Томас Герберих и неговата сопруга.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=uHSzZanZAlw&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3R-0TZ5bu3wG5EncRJ9T5XFu5F7RQHmnO06VJ9qG9nkPoj6BDcW_3laj8{/YouTube}

 -Денес одбележуваме 23 години од Здружението за македонско-германско пријателство и соработка- Битола. Значи во оваа сала на 23 ноември 1996 година се  формира нашето здружение. По повод нашиот роденден славиме 250  години од раѓањето на Александар Фон Хумболт и 200 години од раѓањето на Клара Шуман. Учениците заедно со девет професорки по германски јазик кои ја  подготвија приредбата, истражуваа, учеа, преведуваа за да на гермаски и македонски јазик ни презентираат што знаучија за Хумболт и Шуман. Со нас е и амбасадорот Герберих кој со присуството сака да ни искаже чест на нашето здружение кое што се труди да воспостави мост на пријателство помеѓу македонскиот и германскиот народ, изјави д-р Валентина Илиевска професор по германски јазик.

71502614 509539316439906 3138343344900407296 n

Германскиот јазик се помасовно се изучува во Р.С.Македонија на задоволство констатираше гераманскиот амбасадор Герберих.

-Многу се радувам што денес д-р Илиевска мене и мојата сопруга не покани  на оваа манифестација, се радувама на она што сега ќе го видиме од учениците. Како Германска амбасада многу и сме благодарни и обврзани на д-р Илиевска за манифестациите кои што ги прави и за дејноста која што ја обавува. Здружението е формирано пред 23 години и тоа  е уште една причина да се заблагодарам што неуморно работела за проширување на германскиот јазик во оваа земја и не само тоа, туку и за проширувањето и продлабочувањето на билатералните односи. Упатуваме голема благодарност од наша страна. Ви гарантирам дека и понатаму ќе ја добивата нашата поддршка, рече германскиот амбасадор Герберих во Битола која на самиот крај од приредбата на учесниците им подели подароци.

75550442 537921190390606 8685592245350432768 n

75481881 2557293704325389 5029725570577989632 n

78502947 445942512731628 339426515169050624 n

75513462 801232396973817 8283226012410445824 n

76681264 473409206637422 5278511375105130496 n

76705181 437013420296491 9003794281978134528 n

76650760 450108165895412 4581198248911306752 n

 76635666 949772568740232 2223826309434310656 n

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани