Дел без маски и дистанца, гужви пред новата канцеларија на Дурловски

Јуни 26, 2020

 

Со гужви и без почитување на физичка дистанца вечерва на Широк Сокак во Битола се отвора изборната канцеларија на Игор Дурловски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ за петтата изборна единица. Поддржувачите на Дурловски дел се со маски, дел не, а има и такви чии маски се спуштени под брадата. Мерките за претпазливост испорачани од здравствените власти заради корона кризата вечерва не се почитуваат. Од ОК Вмро Дпмне во Битола ни најавија дека утре ќе испратат информација за настанот  од  Изборниот штаб на Дурловски.  

 

105702894 10213282910707033 1806340866548810502 n

 

 BAKLI

(Запалени бакли пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, низ гужвата минуваа и штетачи низ Шеталиштето)

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани