Патните трошоци во Собранието ќе се укинат, рече Шекеринска (фотогалерија)

Јуни 28, 2020

Патните трошоци во Собранието ќе бидат укинати и на тој начин ќе обезбедиме граѓаните повторно да ја вратат довербата и во Собранието и кај своите избраници, изјави Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа од Коалицијата „Можеме“ во петатта изборна единица при денешната посета на Битола. Таа изјави дека во следниот период ќе се трудат целосно да обезбедат правна држава.  

„Во изминатиот период некои судии се трудеа да застарат некои предмети намерно. Овие судии, ваквите луѓе кои го злоупотребуваат системот не смеат да ја имаат нашата доверба. Како Влада нема да се мешаме во судството. Но, обезбедивме два клучни проекти во следниот период, секој судија и обвинител да мора да го декларира својот имот, да мора да се прочисти судството преку проверка на тоа кој и како го сткнал тој имот. Дополнително обезбедивме ЕУ да ги набљудува, мониторира и коментира најважните предмети поврзани со корупција“, рече Шекеринска.    

Таа се осврна и на здравството ветувајќи дека Брзата помош во градските средини ќе стигнува за 10 минути, а во руралните за 20 минути, а целосно ќе се опремат и одделенијата за интенивна нега во болниците низ земјава.

„Ја вративме целосно довербата во здравството. Тоа можевме да го направиме зашто изминатите две и пол години инвестиравме и во капацитети и во медицинскиот кадар. Во следниот мандат ќе покажаме дека можеме повеќе и во делот на здравството. Како што ги укинавме квотите, сега ќе ја збогатуваме позитивната листа во здравство, на начин што ќе вградуваме нови подобри терапии кои ќе дадат повеќе шанса за сите оние кои се соочуваат со здравствен проблем. Ќе обезбедиме Брзата помош во градските средини да пристига за 10 минути, а во руралните најмногу за 20 минути. Нашиот фокус е во следниот мандат 33 милиони евра да ги насочиме кон целосна реконструкција и опремување на сите одделенија за интензивна нега, па ќе обезбедиме и за следниот бран на коронавирусот да ги имаме неопходните капацитети.  Јавното здравство ќе биде наш приоритет“, дпдаде Шекеринска.    

 Таа посочи дека излегуваат пред граѓаните со сигурна понуда за повисоки плати и пензии. Минималната плата која ја задржаа на ниво од 14 500 денари во период од цела пандемија, планираат да порасне во периодот од следниот мандат за 40 проценти. Во следните 4 години просечната плата планираат да порадне до 30 проценти. За домашните фирми рече дека ќе обезбедат дополнителни 600 милиони евра, од кои 300 милиони ќе доаѓаат од домашниот буџет, а другите триста ќе ги обезбедат од европските фондови. 

 Таа посочи дека продолжуваат и со инвестирањата во инфраструктурата, со тоа што вети дека ќе изградат 260 километри автопат и 300 километри експресни патишта. 

„Додатоците за попреченост ќе се зголемат за 15 проценти. Веднаш по изборите можноста за добивање на карчички за купување домашни производи ќе се прошири на уште две групи, на пензионери кои имаат мали пензии под 15 000 денари , како и на сите оние лица кои се невработени, но не успеале секој еден месец да се регистрираат како невработени. 34 000 домаќинства ќе бидат опфатени со гаранција за минимална помош, 65 000 деца ќе добијат подобро детство и образование како резултат на детската помош“, рече Шекеринска.  

На крај додаде дека успеавме да влезиме во НАТО за две и пол години и да дојдеме до почеток за прегопвори со ЕУ. Па, ќе се потрудат за следните 4 години да отворат 80 проценти од поглавијата за преговори со ЕУ и да донесеат 2,5 милијарди евра европски фондови. 

 

 

rada

 

rada 3

rada 4

RADA 6

RADA 9

RADA 10

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани