Носителот на листата на ДУИ во петката, Талат Џафери во посета на Битола

Јуни 28, 2020

Талат Џафери како носител на листата со кандидати за пратеници на ДУИ во петатта изборна единица денес ја посети Битола и Битолско. Посетата тргна од Почесниот албански конзулат, за кого пораншениот претседател на Собранието рече дека е симбол за добрососедски односи, зближување на народите и соработка на државите. 

„Како носител на листа ја користам можноста да ги поминам сите населби, да ги  посетам повеќе граѓани без оглед на припадноста зашто по изборите секој еден кој ќе добие мандат е претставник на изборната единица, а не на дел од единицата. Ќе настојувам да ги застапувам интересите на граѓаните во целина. Како пратеник, заменик министер за одбрана, па министер за одрабана, претседател на Собрание мисам дека докажав дека работам во името на граѓаните и за граѓаните и тоа е основна цел“, рече Џафери. 

талат 5

За идејата претставник на албанската етничка заедница да е премиер рече дека потребата е  реална. 

„Идејата е реална и потекнува од пред околу 11 години на конгрес на партијата, во време кога сите најбитните државни фунинкции се водеа од претставници на македонската заедница. Тоагаш лидерот искажа јавна идеја и потреба за израз на еднаквоста во правото и обврската за чувствување на лојалноста кон државата и институциите и поделба на одговорности во однос на менаџирање со истите. И потоа тоа се покажа преку функциите на министри, па претседател на Собранието и тоа е доказ дека не се случило ништо што било спротивно од потребата за еднкавост на граѓаните во правата и обврските што ги уживаат според уставот. Реална е таа потреба зашто таа можност зависи од бројките во Собранието зашто Владата се бира таму, а уставот тоа го овозможува да политичка партија или коалиција која создава мнозинство во Собранието доколку има политичка волја може да се договори кој ќе биде мандатарот“, рече Џафери.       

Запрашан со кој ќе коалицира ДУИ по избори рече дека тоа е работа на бројки и резултати од изборите.

„Тие што ќе успеат да се договорат после изборите, тие што ќе создадат мнозинство во Собранието ќе ја имаат и можноста да коалицираат. Тоа е според бројките, не е предодредено сега за да се каже сакам со овај или оној. ДУИ во тој принцип не се определила како што било случај порано да се определуваат стратешки партнери, па од тие партнерства потоа да излезат други работи. Ние ќе ја почитуваме волјата на граѓаните. Таа ќе ги создаде бројките, а тие потоа и коалицијата“, рече Џафери.талат     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани