Луѓето се разочарани и се селат надвор од државата , обвини Мицкоски од Битола

Јуни 28, 2020

Изборниот караван на Коалицијата „Обнова на Македонија“ денес е во Битола, а вечерва со почеток во 20,30 часот ќе одржат предизборен собир. Лидерот на партијата Христијан Мицковски во денешната изјава дадена за медиумите рече дека во Битола граѓаните биле разочарани, а градот сведок за пустошот што го оставила сегашната власт. 

 

„Разменивме мислења за тоа каква е состојбата со Битола и Битолско, луѓето сведочат за сите порази на неправди кои се присутни ширум цела држава, сведочат луѓето за сите неисполнети ветувања, неиспорачани очекувања. Битола е сведок на пустошот кој позади себе ќе го остави ова раководство на СДСМ и Алкапоне политиките преточени во Зоран Заев. Изминативе пет дена, но и месеците претходно, можам да заклучам дека во Македонија тешко се живее, луѓето се разочарани, безнадежни, ги напуштаат родните огништа и се селат надвор од државата.Она што е актуелно денес, сите оние  лоши политички и мерки кои беа поврзани со справувањето со ковид-19 пандемијата, исто така економската состојба а е разочарувачка. Имав можност да разговарам со еден претприемач, приватен стопанственик, кој се жали и вели потешко во овие три години не било. 15 јули е денот кога ги повикувам граѓаните во Битола и Битолско, Новаци и Демир Хисар да излезат масовно и да ја поддржат политичката коалиција „За обнова на Македонија, рече Мицкоски во Битола.     мицкоски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани