Ќе се борам за воведување на високи еколошки стандарди, порача Ивановски од „Македонски концепт“

Јуни 28, 2020

Се вклучив во „Македонски концепт“ затоа што ова е листа на која бев поканет како граѓанско лице, а не член на партија, рече битолчанецот Тодор Ивановски кој е трет на листата со кандидати за пратеници во петтата изборна единица.

Ивановски при денешната посета на Караванот на „Македонски концепт“ во Битола рече дека протестира против корпоративниот партиски систем во оваа земја кој 30 години ги донесува одлуките како корпорација, а ги третира гласачите како клиенти или потрошувачи зашто сите вработувања и сите бизниси мора да одат преку големите партиски корпорации.

 

„Она за што најповеќе ќе се борам е воведување на највисоки еколошки стандарди при производство, изградба и при користење на сообраќајни средства зашто нашиот град ја има таа болка со загадувањето и големиот број на смртни случаи кои доаѓаат од таквото загадување и несериозниот однос кон екологијата или кон здравата животна средина што е основно уставно право. Пред сите други приоритети култура, независен граѓански сектор, се она што нас не тишти, на прво место го ставам проблемот со загадувањето. Воведување на највисоки стандарди и Министерството за екологија да стане најреспетибилно европско министерство, а не со површен однос и да се доделува на некој коалиционен партнер колку да се здобие некој со министерско место. Мора да се подигнат еколошките стандарди и практики на највисоко ниво зашто тоа го плаќаме со висока цена“, рече Ивановски.         

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани