ВМРО ДПМНЕ сигурно не заборави на непотизмот на екс градоначалникот Талески, вели портпаролот на СДСМ Димовска

Јули 01, 2020

 Непотизмот е одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ обвини денеска портпарлот на СДСМ Битола Невена Димовска.

-Почитувани од ВМРО ДПМНЕ , гледате непотизам таму каде што институциите веќе потврдија дека го нема и заборавате дека непотизмот и партизацијата на институциите се одлика на вашето владеење.  Кога веќе зборувате за непотизам, неспособност и неработење од страна на локалната власт сигурно не сте заборавиле на непотизмот на екс градоначалникот од вашите редови кој  зетот го вработи во МЕПСО а пак неговата ќерка стана технички секретар на Земјоделски факултет. За вашето “домаќинско” работење пак говорат скоро 13 милиони евра долг кој го оставивте во општина битола, блокираните сметки на училишта и склучувањето скандалозни договори, вели Димовска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани