СДСМ ќе поднесе претставка за Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ за 29 одобрени пријави за гласање на болни лица

Јули 10, 2020

СДСМ ќе поднесе претставка до Државната изборна комисија и Антикорупциска за конфликт на интерси, за одобрени пријави за гласање на  болни и немоќни лица  од страна на кандидатот за пратеник во 5 ИЕ од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска. Ова беше најавено на денешната прес конференција на битолските социјалдемократи.

- Сомнеж за судир на интереси и неетичко однесување даваат и одобрените пријави за гласање на хронично болните од страна на кандидатката за пратеник Олга Лозановска, вкупно 29, за што СДСМ ќе поднесе претставка до Државната изборна комисија и Антикорупциска. Почитувани граѓани, на 15 ти јули гласаме за функционални и капацитетни институции кои ќе продолжат да работат за и во интерес на граѓаните. Обнова на режимот нема да има, изјави Невена Димовска, портпаол на ОО на СДСМ во Битола.

Инаку, Олга Лозановска, е актуелен советник во општинскиот Совет од редовите на ВМРО-ДПМЕН и лекар во Клиничката болница во Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани