Топлификацијата е проект на ВМРО-ДПМНЕ, рече Коњановски

Октомври 13, 2021

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски изјави дека топлификација на Битола е проект на ВМРО- ДПМНЕ кој во 2017 та година од страна на владата на СДСМ беше стопиран и дека сега, после 4 години нивно владеење се обидуваат да го воскреснат како нивна идеја.

 

„Сосема иста приказна и со гасификацијата на Битола, помпезни ветувања од СДСМ уште од 2017-та а до ден денес-нула реализација! Бесрамно, Христо Кондовски ја ветува гасификацијата пред Битола и денес во 2021! Проектот за изградба на пречистителна станица во Битола , сосем ист епилог - прекинат веќе 4 години заради неработењето на СДСМ“, рече Коњановски.

 

Тој нагласи дека Битола не смее да доживее ниту една еколошка хаварија повеќе.

 

„Гарантираме енергетски ефикасна општина преку обезбедување приклучок за гас до секој дом, по финализирањето на примарната гасоводна мрежа! Субвенционирање на енергетско - ефикасни фасади на зградите за колективно домување. Гарантираме субвенции за соларни и фотоволтаични панели. Гарантираме субвенционирање за соларни колектори за домаќинства! Имаме пакет стимулативни мерки за изградба на постројки од обновливи извори на енергија. Гарантираме 100 процентна покриеност со штедливо лед јавно осветлување“, додаде Коњановски.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани