Пеце Милевски е верната сенка на Владимир Талески, вели портпаролот на СДСМ Србиновски

Октомври 13, 2021

Ви пренесуваме интегрален текст од изјава на Дејан Србиновски, портпарол на СДСМ Битола

Почитувани битолчани,

Слуги и измеќари на осудени криминалци не може и не смее да бидат иднината на Битола !

Ова на сликите е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, првостепено осуден криминалец за едно, а осомничен за повеќе кривични дела.

На сите слики, веднаш до него е Пеце Милевски, носителот на листата кандидати за советници на ДПМНЕ и екс советник во Советот во третиот мандат на Талески !

Верната сенка на Талески во неговите последни четири години пустошење на Битола, сега се нуди како ново лице во политиката. Уште пак по телевизии зборува како сите го познаваат од неговиот минат живот.

Ние во СДСМ не веруваме во реинкарнација. Веруваме во факти. А, факт е дека Пеце Милевски креваше два прсти во Советот за продажба на Офицерски, за распродавање на старата касарна, за блокирани сметки на училиштата, трупање на долгови во спортот, за автобускиот превоз на учениците прикажан во обвинението Транспортер, за завршни сметки на јавните претпријатија со минусни салда.

Битолчани не забораваат и казнуваат !

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани