2win800x200

КОУЧИНГОТ ВО СВОЈАТА ОСНОВА Е ПОДДРШКА

Август 25, 2018

Сетете се само на детскиот развој. Ништо неможете да правите сами, потребна ви е поддршка – за да проодите, да ја научите азбуката, да научите математика, да научите да комуницирате со луѓето околу Вас, да научите да се облечете, со еден збор кажано за сѐ. И кога ќе ги научиме основните работи и се впуштиме сами низ животот сите чувствуваме дека ни е потребна поддршка. Возрасните таа поддршка ја земаат ,,здраво за готово,, како да се подразбира и остануваат без неа. При тоа остануваат покуси во својот напредок. И нормално е да не ни треба поддршката од истите луѓе како претходно, но исто така факт е дека без нечија поддршка која ни е потребна ние ќе поминеме по потешкиот пат. Секако го поминуваме истиот, но добивајќи ја поддршката чувствуваме дека не сме сами и на тој пат минуваме фокусирани на самите себе, но и на целта на која треба да стигнеме.

 

Многу често низ животот го губиме патот и дозволуваме нашиот живот да тече сметајќи дека немаме никакво влијание на него и не приметуваме дека низ реката на животот постојат и гранки за кои можеме да се фатиме и излеземе на брегот, а при тоа го смениме правецот пред да дозволиме како лист да бидеме носени низ реката со чувство дека ништо неможеме. Во моментите кога ќе го изгубиме правецот,а можеби не сме свесни за тоа тогаш ни е потребна најголема поддршка.

Коучингот е токму тоа, поддршка да осознаете зошто сте онаму каде што сте и каде сакате да бидете. Коучингот е повеќе од разговор, повеќе од само вербална интеракција. Тој е процес во кој ние ја откриваме нашата темна внатрешност, нашата попреченост , нашите емоции и нашите мисли, но исто така и нашите потенцијали и способности,нашите ресурси, сликата за себе сами и за светот околу нас. Станувајќи свесни за сопственото постоење и присутни во тој процес ние се менуваме во насока во која сакаме,а при тоа го пронаоѓаме патот во кој стигнуваме до целта. Иако ни се чини дека одиме по ,,погрешниот,, пат треба да имаме на ум дека тој е патот кој некаде води, тој е нашиот пат со сите пропусти и грешки. Затоа се вели дека не постојат случајности, не постојат случајни средби, случајни луѓе или настани во нашиот живот.СЕ се сведува на едно – се не носи на вистинскиот пат. А, тој е пронаоѓање на сопствената мисија која ќе го осмисли целокупното наше живеење.

Ова физичко тело е само нашата фасада. Она што е внатре, материјалот од кој сме градени тоа е она што не држи цврсто пред сите олуи, невремиња и поплави, грмотевици, град и земјотреси. И кога ќе се случи да го снема покривот поради дојдената бура, ние не кукаме дека нешто не можеме туку стануваме свесни дека во нас е моќта и ние можеме тоа да го поправиме и поцврсто и поубаво, поквалитетно од претходно.

Незнам каде точно прочитав дека од скршените стакла се прави најдобриот витраж. Тогаш зошто кревате раце од сами себе кога сте скршени. Промената не доаѓа случајно.Таа лекција ќе го обои вашиот живот во други бои, а можеби и ќе ве однесе на друг пат.

Коучингот е кочија во која може да се качите и полесно и побрзо да стигнете таму. Таа ве пренесува од точка А до точка Б. И не само тоа, туку секогаш по полесниот и побрзиот пат. Пробајте и ако ништо не добиете гарантирам дека ништо нема да изгубите. Можеби дел од вашите непотребни грижи, но тоа сега ,,не се рачуна,,. ( текстот е извадок од книгата во подготовка ,,Коучингот –трновит пат по кој не оди секој,,)

Пишува: м-р Билјана Галовска (професионален коуч според ЕСА и НЛП практикант според IANLP, инфо Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. )

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани