АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со цвеќиња се прекри пругата од Железничката станица во Битола во спомен на над 3000 Евреи од градот кои на денешен ден пред 75 години со вагони беа депортирани до Скопје, а потоа и до логорот Треблинка. Цвеќињата на пругата ги положија над илјада битолчани, Евреи од Израел, државни делагации и други гости кои зедоа учество во таканаречениот Марш на живите.
Хор составен од ученици од Израел денес со песна ја исполни Општина Битола. Хористите ѝ испеаја израелски песни на градоначалничката Наташа Петровска, а потоа додека траеше нејзината средба со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, учениците се собраа во ходникот на општинската зграда и таму продолжија со репертоарот. Нивните нежни гласови се разнесуваа низ општинските ходници, а на крај им се придружи и амбасадорот Оријан, па заедно го испеаја симболичниот рефрен од познатата песна од Мајкал Џексон „We are the World“..
Офицерскиот дом ќе се загради со лимени барикади до почетокот на реставрацијата за да не може секој еден да влегува внатре и да врши дополнително оштетување, соопшти битолската градоначалничка Наташа Петровска.
Денес и утре во Центарот за култура во Битола се одржува Биталон, првиот Хакатон во Македонија, кој што има за цел на иновативен начин, со информатички алатки, да ја раскаже, а со тоа и да ја оживее, приказната за битолските Евреи преку Еврејските гробишта и Паркот на живите во Битола.
Несовесен граѓанин без да размисли подлабоко каква штета може да предизвика, вечерва, си запалил оган во внатрешните простории на Офицерскиот дом во Битола. Огнот го запалил на приземјето, најверојатно за да се стопли.
Потомците на битолското еврејско семејство Калдерон, кои беа разделени на три континенти Европа, Америка и Азија, денес се сретнаа во Битола на 75 годишината од депортацијата на битолските Евреи. Меѓу нив и Сара Ле Гутман Калдерон, ќерката на единствената Еврејка од Македонија, која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц.
Организацијата на жени од Битола во рамки на чествувањето по повод 8-ми Март додели признанија на дваесетина кул битолчанки кои се посветени на својата професија и преку неа прават добри дела за градот.
„Од она што го побарав како извештај за тоа што се случува со киното 'Манки', мора да признам дека огромен број на средства се потрошени за него, а се уште сме едалеку од можност за истиот да биде ставен во функција зашто внатрешно, ентериерно, воопшто и не е направено. Факт е дека се уште треба да се трошат средства за истото да биде ставено во функција, а се надвор од она што ни беше ветувано во изминатиот период од претходната локална самоуправа.
За киното 'Манаки', Министерството за култура не идвои средства, но издвои за Офицерскиот дом, зграда која ако ја оставиме онаква каква што е оставена до сега, само можи во следниот период да се дораспадни, па да нема што да спасуваме.“
Дваесетина патници од Битола и Прилеп, меѓу кои и бремена жена, вечерва два часа останале заглавени во автобус, на стариот пат од Скопје за Велес. Патниците кои се јавија во нашата редакција реагираа дека сообраќајот од 18 часот бил запрен заради сообраќајна несреќа, имало полициско присуство и не им се дозволувало на возилата да продолжат по патот.
Во градот кадешто аерозагадувањето е топ-тема и секој ден се дискутира за неа или се пишуваат статуси на Фејсбук, вандали истуркаа десетина новозасадени елки во Нова Битола. Беа засадени пред еден месец во рамките на проектот на Општината, наречен „За зелена Битола“.