АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанката Симеона Стерјева од Основното училиште „Гоце Делчев“ е единствената ученичка од Македонија која успеа да се пласира меѓу победниците на светскиот натпревар по англиски јазик „Hippo 2018“ што деновиве се одржа во Италија.
Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние при денешната посета на Општина Новаци рече дека тука има спомени кои му лежат на срце и дека чувствува оти ова место има дел и од неговата историја. Тој откри дека неговиот чичко Ловел Риш, по професија ликовен уметник, бил со француските војски на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Храброста и ужасите на војниците, како и страдањето на цивилното население го претставил на своите уметнички дела.
„Интензивно се работи на изградба на пругата. Во следниот период планираме заедно со градоначалничката и со директорот на ЈП Македонски железници инфраструктура да направиме увид врз граджените работи. Очекувањата наши се согласно рокот, до крајот на оваа година, да биде завршен тој проект“, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.
Само 1,6 проценти од младите до 29 години во Македонија користат орална контрацепција, односно пилули, а помалку од 3 проценти од паровите користат какво било средство за модерна контрацепција. Оие податоци беа соопштени како загрижувачки на трибината за сексуално преносливите инфекции и контрацепцијата што во организација на Асоцијација за здравствена едукација- ХЕРА и МКЦ се одржа денес во Битола.
Монодрамите вообичаено не привлекуваат многу публика, но тоа не е случај со претставата „Ќиро“ на познатиот хрватски актер и шоумен Тарик Филиповиќ, познат во јавноста по водителската улога на хрватскиот квиз „Милионер“. Тој како актер и автор на монодрамата „Ќиро“, посветена на легендарниот некогашен југословенски фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ, вечерва ќе го затвори 20-то издание на Фестивалот на монодрама во Битола. Монодрамата е во 20 часот во Народниот театар, а картите се веќе распродадени. Најзаинтересирани се припадничките на понежниот пол и љубителите на фудбалот.
В очи денешниот верски празник Свети Атанасиј, патрон на црквичката кај Смолево, некој најверојатно се обиде да подметне пожар во околната шума. Група битолчани кои вчера попладне се искачувале до црквата, движејќи се по патека која водела низ густа шума, наишле на кофи полни со пилевина, шишиња со гориво и некаква направа на која биле обележани знаците плус и минус.
Дел од службениците во Општина Битола во петокот се „обесија“ на прозорците од општинската зграда за да го видат премиерот Зоран Заев.
Одамна премиер не стапнал во Општината, уште од времето на Владо Бучковски во 2006 година кога дојде да го најави процесот на децентрализација.
За традицијата на Фестивалот на монодрама од Битола, кој е единствен од ваков тип во земјава, квалитетните актери и претстави кои учествувале, говори изложбата „Низ фотографскиот светоглед“ на битолскиот хроничар, новинар и фотограф Петар Ставрев.
На Изборното собрание на Македонско-турското здружение ''Мустафа Кемал Ататурк'' од Битола, Шенол Мемиш го доби четвртиот претседателски мандат.
Учениците од Државното музичко училиште во соработка со Американското катче на Саемот за креативци успеаја од овошје и цвеќиња да создадат музика. Овошките и цветовите ги поврзаа со алуминиумска фолија со што станаа спроводници и при секој допир на нив преку компјутерска програма се слушаа тонови како од пијано. Така, со допир можеше да се исвири дури и мелодија. Портокалите пак, даваа звуци на тапани.