2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ученици од Основното училиште „Елпида Караманди“, по иницијатива на одделенскиот наставник д-р Фанче Јошевска, а по повод патрониот празник гo посетија Општинскиот oдбор на Сојузот на Борци од Битола. Пред борците и нивните следбеници и почитувачи, учениците од класот на Јошевска изведоа пригодна програма.

Има начин загадувањето со ПМ честичките да се сведе на половина, доколку домаќинствата во Битола се греат на сертифицирано дрво со мал процент на влага, велат од Здружението на географи „Геосфера“.Од шумските претпријатија одговараат дека иако ваквите препораки изгледаат едноставно, сечата и доставата на дрва е сложен процес и не може да се прилагоди преку ноќ, туку ќе треба време.

По студентските протести во понеделникот во Битола против промената на името, 16 кракото сонце заврши во рацете на Коњаникот на плоштадот Магнолија. Некој го стави на споменикот на Филип Втори кој се издига на плоштадот Магнолија каде беше и студенскиот собир. Споменикот беше подигнат пред седум години од страна на претходната локална власт на Битола. Филип Втори на животи видел многу битки, а неговиот споменик многу бои. Откако е поставен сведок е на бројни протести и партиски митинзи. Тие му се најчести во агендата. Има само седум години, а доживеа бурна историја. „Шарените“ го боеа, други го чистеа, поранешните градските власти едно време  го претворија во лампион, сега  служи како збирно место за протестите поврзани со зачувување на јазикот и името. Едни му испишаа недолични цртежи  и зборови, а други му прикачија знаме да ги води. Коњаникот во срцето на градот е уште еден доказ за поделеноста на народот. 30739235 10215694425890630 4078338280985198592 n

Од Битола, поточно од дворот на Клиничката болница, стартуваше обиколката на Mобилниот инфо хеп центар за бесплатни и безболни прегледи на црн дроб и тестирања за хепатит Ц и ХИВ вирус низ повеќе градови во земјава. Станува збор за медицинско возило кое е во сопственост на хрватско здружение за борба против болести на црниот дроб, добиено како донација од Брисел, а содржи најсовремена опрема за дијагностика. Прегледите се безболни, траат по пет минути, наликуваат на контрола со ултра звук и ја заменуваат инвазивната метода на биопсија на црн дроб.

Црквата „Св.Петка“ сместена во единственото село во Националниот парк Пелистер, Маловишта, чува Галерија на икони, ремек дела на познати зографи, стари и по пет века, која во последните години привлекува се повеќе посетители.

Наредната учебна година во седумте средни државни училишта во Битола, се отвараат вкупно 1966 слободни места за полуматурантите, јавува ТВ „Тера“. Бројката во Конкурсот на Министерството за образование е поголема од минатите години. Годинава во средносто Економско училиште е предвидена уште една паралелка. Ако минатата година со 4 годишно образование имаше 3 паралелки, годинава има 4 паралелки , и плус една паралелка со тригодишно образование.

Започна реконструкцијата на делот од Булеварот „Први Мај“ кај старата битолска чаршија. Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот кај Безистенот до Ленски мост. При зафатот се остранува старата коцка.

Градоначалничката Наташа Петровска на својот фесјбук профил вети дека активностите ќе се одбиваат ударнички и квалитетно во интерес на граѓаните, дуќанџиите и посетителите на Битола.

Професорката од Факултетот за информатички и комуникациски техологии од Битола, д-р Мимоза Богдановска Јовановска, е избрана за член во Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор оформен по иницијатива на Генералниот секретаријат на Владата на Македонија. Професорката од Битола беше предложена како член од Научното друштво на Македонија со седиште во Битола, со што за првпат во историјата на Друштвото се случува директно на национално ниво да биде вклучено во креирањето на јавните политики поврзани со граѓанскиот сектор.

Служителот Ј. Т. удрил ученик во Основното училиште „Коле Канински” во Битола, потврдија од битолската полиција. Инцидентот се случил во саботата, кога училиштето одработувало работен ден, и тоа при крајот на големиот одмор..

Кога се сеќавам на моето основно училиште, во спомените ми доаѓа слика како со соучениците во ходникот на „Тодор Ангелевски“ ја свириме и пееме песната „Волим црно и црвено“ од Дино Дворник. Сите сплотено ко еден. Од тоа до бруталното претепување на ученичката во неготинското училиште од страна на соученичките има разлика со километри.

Образованието во земјава, кое треба да ги всади капиталните вредности за животот кај учениците, со години наназад ја губи воспитната улога.Доказ е потресната снимка емитувана на јутјуб на која се гледа како соученички ем со клоци и корнење тепаат другарка, ем другите тераат сеир и снимаат со мобилни телефони набаре се случува натпревар по влечење јажиња, а не на живо суштество. Видната подеднакво паѓа и врз родителите.    

Состојбата е поразителна зашто повеќето родители кои имаат малолетни деца знаат дека не толку дрстични инциденти, но ситуации со булинг, малтретирање на школо, навредување, недолични дофрлувања и сеење страв од други ученици се секојдневие на многу деца. За жал, повеќето завршувале под тепих, со поплаки до класните раководители, кај педагогот, директорот, скриени од јавноста. По последниот случај веќе нема место за толеранција. Оддамна е дојден моментот да се проговори за училишната клима, за односите меѓу учениците,  за тоа што преземаат школите и родителите на тој план?

Родители раскажуваат: „Ги праќаме децата во школо со пораката дека треба да се дружат со сите ученици и да ги почитуваат. Но, од дел соученици учат да се двојат во групи, да отфрлаат дури деца или тие сами да бидат отфрлени. Ги учиме да помагаат, а на школо некои ја исмејуваат нивната добрина. Ги советуваме да учат, за на крај некој да ги вика бубалици. Ги опоменувате да не маваат, а некој друг ќе ги влечи за коса или турне по скали. Неодамна девојче беше намерно тутнато во училишен ходник во Битола, за одгоре да го потисни момче на очиглед на други ученици и сите да се смеат. Кутрото девојче денови со наведната глава минуваше низ ходници. По сето ова, разочарувачки делува коментарот на детето до родителот дека грешно го воспитал. Вели дека подобро ќе беше да го научел да биде лош за да се снајде во денешниот свет“.

Друго девојче во основно улилиште од другарките намерно било удрено со кошаркарска топка по глава за време на час по физичко воспитание.Од училиштата пак, се жалат дека дел од учениците се предвреме расцветани и не културни, дека има родители кои не примаат критика за сопствените деца. 

Ништо не е прземено ни за одредени социјалните мрежи (не фејсбук) кои се популарни кај учениците, а каде секој со скриен идентитет може за другиот ученик да напише сѐ што сака и за тоа да не сноси никаква одговорност. Таму се шират лаги за девојчиња од шесто одделение до прва година средно дека наводно имале сексуални искуства, дека биле грди, лоши, популарни, пијани и што уште не.

Неодмна имаше случај на девојче од основно училиште кое сакаше да излезе од лошото друштво на поголеми ученички од истото училиште затоа што и местеле момчиња. Кога за проблемот дознаа домашните и се обратија до родителите на другите деца, довечерашните другарки почнаа да ѝ се закануваат на девојчето дека ќе се соберат по часови во дворот и ќе ја претепаат. Родителите ја носеа и враќаа од школо со недели.

Достоевски рекол дека сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете. 

За вакви изживувања, како и она во Неготино, мора да има казни. Не смее да се прогледа низ прсти затоа што се деца. Но, тоа е само последица. Мора да се бараат причините за да се излечи средината. Мора да има идеологија, позитивните примери, професори подготвени да ги учат децата на живот, а не само на лекции. Чест на исклучоците кои и сега ги има. Стануваме свесни дека не е толку важно дали средното образование е задолжително, дали ќе се учи или не во сабота, дали ќе има или не екстерно , бесплатен превоз, туку колку тоа образование ќе се гради на индивидуални, колетивни, културни, етички и воспитни вредности. Не смее да се дозволи да врие од петки во дневниците, а од тупаници на улиците.

Ж.Здравковска

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани