АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ставен во употрена е шадрванот пред Јени џамија во центарот на Битола. Реконструкцијата на шадрванот траеше неколку месеци при што во централниот дел поставен е мермер, а во кружната фонтана зачувани се старите камени коцки. Реконструираниот шадрван доби осветлување и од него потече вода.
Возило со бугарски регистарски теблички обавува такси превоз низ Битола, се пожалија легалните битолски таксисти и фотогрфијата ја испратија до нашата редакција. Такститите велат дека возилото било фотографирано кај трговскиот центар „Јавор“ токму во моментот кога се разминувало со полициско возило.
Општина Битола завчера распиша тендер за прибирање на понуди за 24 часовно обезбедување и мониторинг на Офицерскиот дом. Право да се пријават имаат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на ваква дејност. Краен рок за доставување на понудите е 16 април.
Сепак, кражбата на семафорите од обиколницата во Битола била пријавена во полиција. Иако од СВР утрово рекоа дека немаат таква пријава, попладнево портпаролката Сања Стаматова не информира дека кражбата била пријавена вчера, но под друго име, па затоа се направила забуна.
Во битолската полиција нема пријава дека биле украдени семафорите од обиколницата над Битола. Портпаролката Сања Стаматова вели дека таков случај никој не пријавил во СВР Битола.
Од утре, 4 април, во 3Д Кино Битола ќе почне да се прикажува најновиот филм на Милчо Манчевски, „Бикини Мун“. Потоа, најновиот филм на нашиот режисер ќе се прикажува и во другите градови низ земјава.
„Бикини Мун“ е американски филм на Манчевски, сниман на локации во Њујорк. Приказната – психолошки портрет на Бикини Мун Дејвис – говори за искршениот идеал на модерното семејство, но и за изгубената приватност во светот окупиран од камери, мобилни телефони и сеприсутните социјални мрежи. Филмската структура на Бикини Мун е филм во филм, во кој филмската стварност е двојно манипулирана.
Главна хероина е повратничката од војната во Ирак, Бикини Мун Дејвис, харизматична, енергична, духовита, убава и провокативна, но и ментално нестабилна. Нејзината приказна и нејзиното однесување нѐ водат до работ на вистината, и често не сме сигурни што е вистина, а што фантазија.
Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис. Дизајнер на продукција е редовниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, кој има работено на сите негови досегашни филмски проекти. Директор на фотографија е Џошуа З. Вајнстин. Единствен Македонец во филмската екипа, покрај режисерот, е композиторот на музиката – Игор Василев Новоградска.
Филмот ја имаше македонската премиера во Скопје пред десетина дена и наиде на исклучително позитивен прием – беше поздравен со френетичен аплауз, а социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за Бикини Мун.
Критиката во САД, Бразил, Португалија, Бугарија, Србија и Македонија го нарекува филмот: „Брилијантен авторски филм“, „Фасцинатна приказна“, „Целосно свежо и оригинално дело на маестрален режисер“, „Милчо, провокативен како и секогаш, го дава најгенијалниот и најжесток коментар на информатичкото општество“, „Филмот на Милчо Манчевски прашува колку е јавноста манипулирана од медиумите“, „Жестока глума на Кондола Рашад“, „Повеќеслоен лажен документарец кој ги истакнува мааните на либерализмот на милениумската генерација“, „ Бескомпромисното критички настроено авторство.“, „Потсетник за благородноста што уметноста може да ја досегне“, „Ова е филмот кој „Обликот на водата“ сакаше да биде, ама не знаеше како“.
Бикини Мун ја имаше светската премиера во Бразил, на фестивалот во Сао Пауло, а потоа во Португалија ја освои специјалната награда на жирито. Беше прикажан и на фестивалите во Сан Хозе, Калифорнија (Синеквест), Белград и Софија. Следува Истанбул, каде проекциите се веќе распродадени, па Франкфурт, Нешвил, Менхетен...
Филмот и понатаму е на репертоарот на кино Милениум во Скопје.
Јавното претпријатие „Водовод“ ги известува жителите во комплексот згради Стара Болница на улицата „Климент Охридски“ и куќите на улицата „ Стив Наумов“ дека денес ќе има 4 часовен прекин во водоснабдувањето на корисниците и тоа во периодот од 9 до 13 часот, поради работа на екипте на ЈП „Водовод“ на отсранување на дефект во водоводната мрежа.
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Фондацијата „Чекор по чекор“ и „Сумнал“ – Здружение за развој на Ромите заеднички го одбележуваат 2 Април -Светскиот ден на книгите за деца и 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите. Денес ја промововираа кампањата „Прочитај ми сказна за да го разберам светот”, со цел да се популаризира читањето книги кај ромските деца од најмала возраст, како и кај сите деца.
Филмската критичарка и новинарка Евгенија Теодосиевска е новата директорка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Вака било одлучено на денешното изборно собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија што се одржа во Скопје.
Непознати лица ги украле семафорите со акумулатори и патната сигнализација кои во петокот беа поставени кај свлечиштето на обиколницата над Битола што е дел од регионалниот пат Прилеп-Охрид. Редакцијата на Апла.мк во петокот направи фотографии од поставените семафори и ги објави на порталот, но денес местото е празно.