2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 

Синдикалната подружница на РЕК Битола успешно го реализира Пролетниот турнир во спортски натпревари на кој учествуваа членови на синдикатот. Покрај популарните дисциплини кои традиционално се организираат, како што се, мал фудбал за мажи и пикадо за жени, на овој Пролетен турнир после долго време, беше организиран натпревар во риболов кој се одржа на Рековското езеро. Жените, пак, ги одмерија силите во куглање, што претставува уште една нова и интересна дисциплина во спортските натпревари за синдикалните членки на РЕК.

Интегрална изјава на Ивона Трифунов, СДСМ Битола:

Кривични Пријави За Службеници И Директори Наместо Проекти За Развој На Битола!

Тоа е реалноста во Битола на чело со градоначалникот Тони Коњановски и неговата ДПМНЕ! Последниот пример со кривичната пријава за поткуп за службеник во Општина Битола е доказ дека Коњановски како прв човек на општинската администрација негува атмосфера за работа во која злоупотреби, мито, корупција и рекет се составен дел.
Коњановски ја наметна културата на неказнување и ова што денес го сведочиме е резултат на тоа. Градоначалникот повеќе од една година го толерира и ништо не презема против директорот на Јавното претпријатие Водовод, Пеце Милевски, кој има две кривични пријави за злоупотреба на службената положба. Пораката е јасна - локалните функционери и службеници кои ќе ги прекршат законите ја имаат партиската и заштитата од Коњановски.
 
Ги повикуваме надлежните институции будно да ги следат процесите во општината и да постапат по сите сегашни и идни дојави за незаконско работење во општината и јавните претпријатија. Градоначалникот Тони Коњановски, пак, конечно да се охрабри и да го разреши директорот на Водовод, Пеце Милевски со што ќе порача дека незаконското работење нема да го толерира, дури и кога станува збор за локалниот лидер на ДПМНЕ во Битола! Само така Коњановски на дело ќе покаже дека не поддржува незаконско работење во општината и во јавните претпријатија под општинска капа!“

 

Интегрално го пренесуваме соопштението на Општина Битола:

„Општина Битола, во целост ги демантира денешните невистини, изнесени во соопштението на политичката партија СДСМ.

Општината за првпат оваа година во креирањето на Програмата за култура ги вклучи граѓаните и културните уметници, преку објава на анкета и јавни повици со кои целта беше да се сублимираат најдобрите културни понуди и да се одговори на предлозите и сугестиите кои ги имаа жителите на општина Битола, за креирање на квалитетна културна понуда за Битолското културно лето.

Големиот интерес и пристигнатите вкупно 250 апликации, во различните области од јавниот повик кој траеше од 25.10.2022 до 21.11.2022, бараа посветеност во евалуацијата со цел изработка на соодветна културна понуда, која ќе го следи новиот концепт, воспоставен од оваа локална самоуправа и широко прифатен од граѓаните и уметниците. Истиот минатата година, овозможи културна понуда на која професионализмот беше особено истакнат, а младите културни уметници и други уметности, добија можност низ офф програма да се претстават пред битолчани и гостите од странство, кои ги имаше во голем број на сите настани.

Општина Битола, првпат во досегашното работење, јавно и транспарентно на веб страната ги објави резултатите од сите спроведени јавни повици, вклучувајќи ја и Програмата за култура.

Процесот на работа, предвидува измени и дополнувања на различни програми, каде што се вбројува и Програмата за култура на општина Битола, донесена во декември минатата година и каде по завршувањето на процесот на квалитативна евалуација, се покажа дека културните уметници заслужуваат многу поголема поддршка од планираната. Измени на програмите и ребаланс на буџетот се начини на работа кои се во согласност со законите и се применувале во изминатиот период.

Ниту една политичка партија не смее да врши сквернавење на културата и културните уметници, со зборовите „Битфест беше и остана пералница за пари“ како што деновиве низ партиски соопштенија на СДСМ се нарекува фестивалот каде настапувале значајни имиња од културата, кои благодарение на нивниот ентузијазам, професионализам и креативност, настапувале на БИТ ФЕСТ и за тоа добиле соодветен финансиски надомест.

Општина Битола, апелира до сите политички партии, да ја остават политиката надвор од културата, затоа што Битола мора да продолжи културно да се развива и да напредува.

Општина Битола

Интегрално ја пренесуваме реакцијата на СДСМ Битола: 

„ДПМНЕ Битола да не зема в уста имиња на македонски културни работници и на културни институции оти со тоа ги сквернави!

Градоначалникот Тони Коњановски да не наметнуваат во јавноста теми чија единствена цел е да го дефокусираат вниманието од грабежот на општинската каса што се случува во Битола!
Дилемите што ги отвори самиот Коњановски за парите за култура, може да ги реши единствено тој. Нека ги повика сите уметници кои се дел од Битфест или изразиле желба да бидат дел од Битолското културно лето и убаво нека им објасни дека самиот тој и службите во Општина Битола во декември 2022 година предложија буџет за културни настани кои ќе се случат во 2023 година. Советот го изгласа буџетот што Коњановски го предложи, а во кој Битфест е составен дел. Културните работници се интелектуалци луѓе и сигурно ќе разберат и сфатат дека проблемот не е во советниците, туку во недомаќинското работење на општината и градоначалникот Коњановски кои парите за култура, предвидени и одобрени во декември 2022 година, очигледно ги потрошија уште на средината на 2023 година. Толку едноставно!
Вистинските прашања се:
- Дали Коњановски погрешно ги испланира парите за култура за 2023 година?
- Ако е така, што да очекуваат битолчани при планирањето на парите за Планинарскиот дом Копанки, за новиот спортски комплекс или за новото училиште во Буковски ливади кои Коњановски ги вети и кај да е ќе започне да ги гради?
- На што ги потроши Коњановски парите за Битфест пред Битфест да почне?
Го повикуваме Коњановски конечно да се охрабри и да ги сподели со јавноста сите детали за распределбата на буџетските пари за култура. Нашите советници од декември лани ја чекаат информацијата што ја побараа од општината. Битолчани имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари“, регираат од СДСМ Битола 
 
 

Со цел, подобрување на водоснабдувањето кај корисниците што припаѓаат во висока и средна зона ( на повисоките места од градот), изведена е реконструкција на водоводната мрежа на цевковод ЖЛЦ ф-500. Поради овој зафат, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од : БЛР 1, БЛР 2,  ул.Васко Каранѓелевски и други повисоки места во овој дел од градот.

Прекинот ќе трае до завршување со реконструкцијата, соопштија од ЈКП „Водовод“-Битола. 

На 11.06.2023 во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.М(34) и Џ.А.(31), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека вчера и завчера извршиле две тешки кражби во куќа во Битола и во објект во изградба во битолско Крклино, при што одзеле повеќе предмети. Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По целосно докумнетирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.

 

После денешната информација дека Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО, ќе поднесе кривична пријава против вработен во Општина Битола, како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај, за примање на поткуп, Општина Битола, ги повикува и поддржува надлежните институции да преземат соодветни мерки и да постапат согласно важечките закони во Република Македонија.

Општина Битола активно се залага за јавност и транспарентност во работењето и нулта толеранција на корупција. Должност на општинската администрација е да работи во интерес на граѓаните и ниту еден административен службеник не смее да работи спротивно на законите и Кодексот во кој се пропишани етичките стандарди и правилата за однесување на административните службеници во односите на работното место, но и во приватниот живот и јавноста.

Ребаланс на буџетот мора да има, на тоа веќе работи општинската администрација. Ќе им биде понуден на сите советнички групи, секој да каже свои предлози, тоа не е мој или на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сите граѓани и сите треба да учествуваат, па да видиме колку ќе бидат конструктивни сите оние што повикуваат на ребаланс“, рече градоначалникот Тони Коњановски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со изјавата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, дека ако недостигаат средства градоначалникот треба да се зафати со работа и да понуди ребаланс на буџетот, а не да се жао по прес конференции.  

„Работењето го докажуваат резултатите и сработеното , а во Битола тие се случуваат евидентно. Тоа е реалност преку инфраструктурните проекти кои се работат на 16 локации истовремено и реализација на општинските програми за уредување на градежното земјите,  програмата за економски развој која се однесува на проектното планирањее и подготовка на нови проекти, програмите за социјална заштита, спорт, млади и култура. За разлика од мојата работа како градоначалник и посветеноста на општинста администрација веќе неколку месеци сведоци сме на непочитување на законите и манипулации на штета на граѓаните кои произлегуваат токму од претседателката на Советот. Потврда за ова е и 26 седница за која на Илиевска ѝ беше укажано дека погрешила и од министерот за локална самоуправа и од државниот инспекторат. Вториот случај, исто манипулативен, е постапувањето спротивно на Законот за јавни претпријатија, преку покажување лажна загриженост за граѓаните. И таа седнница поради новата коалиција на Илиевска значи нови одолговлекувања на процесот на доцнење на одлуките“, рече Коњановски.

Претходно Илиевска одржа прес конференција на која изјави дека Советот беспрекорно функционира, ништо не е закочено и се поддржуваат проектите што се во интерес на Битола и граѓаните..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани