2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Младите од рурална Пелагонија ставија цени на своите иновативни производи! Работејќи на финализација на бизнис плановите, во рамките на проектот FAST FORWARD, 15 млади ги презентираа своите претприемнички идеи и истражуваа како да ги освојат пазарите во регионот.

Петтата работилница која се одржа оваа сабота во Битола беше посветена на истражување на пазарниот потенцијал на нивните бизнис идеи и формирање на индикативни цени со цел младите да проверат колку нивните идеи се рентабилни и пазарно ориентирани.

Дополнително, младите работеа на анализа на спецификите на конкретен пазар, анализа на сегмент од пазар како и разработка на профил на потенцијален купувач.

Ги разгледаа своите бизнис планиви и низ призмата на приходите и расходите односно направија проценка на потребните инвестиции и започнаа со изработка на базична финансиска проекција за наредните три години по основањето на нивниот стартап. Во последниот дел на работилницата, експертот им помогна да ги совладаат и основите за “пичинг” на една бизнис идеја.

Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.

pro2

pro3

pro4

„Во моментов на територијата на општина Битола се работи на 16 локации, а се е подготвено за започнување со реализацијата на 6 нови. Градоначалникот Тони Коњановски и локалната самоуправа континуирано се посветени на реализацијата на програмата и решавањето на проблемите на граѓаните и покрај сите обиди за сопки и опструкции.

Парите на граѓаните се трошат исклучиво наменски, што потврдува и фактот дека 23 проценти од вкупните 25 реализација во првиот квартал годинава, се потрошени за капитални инвестицици односно инфраструктура.

Денес има повеќе од 121 милион денари на сметката на општина Битола и има нула денари доспеани обрски кон добавувачи. Таква е, почитувани граѓани, финансиската кондиција на општина Битола, а се друго е голема лага и груба манипулација од страна на СДСМ.    

СДСМ и останатите советници кои ги поддржаа во нивната деструктивност се директно против развојот на општина Битола и директно против волјата на мнозинството граѓани изразена на локалните избори. СДСМ и останатите во Советот сакаат да изигруваат власт без легитимитет од граѓаните на Битола. Нивната намера за блокирање на работата на Советот е всушност блокирање на сите проекти за доброто на битолчани, а ние сме решени да ги реализираме и не отстапуваме од тоа! Деструктивноста, неработењето, импровизацијата, ароганцијата, се одлика на СДСМ и кога се во опозиција и кога се на власт. Тие бесрамно, дрско продолжуваат со манипулацииите, лагите и клеветите, итоа со лични напади и дискредитации, во што се вистински мајстори“, изјави Ѓорги Ѓоргиевски советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола. 

Пред 22 години на денешен ден во близина на селото Гајре, загинаа Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од Битола и Новаци, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.

Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители.

Во нивна чест, во име на општина Битола, на двете локации цвеќе положи заменик градоначалникот Бојан Бојковски, како и семејствата на загинатите, колегите, воени старешини, делегации од политичките парии, Сојузот на борци и други поединци и здруженија.

Организатор на комеморативните настани е Министерството за одбрана – Регионално одделение за одбрана Битола, кои покрај чествувањето на претходно споменатите локации, организираа полагање цвеќе на гробовите на загинатите во Битола и Новаци. Во текот на денот се одржува меморијалниот турнир во мал фудбал во спортската сала „Боро Чурлевски“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници. 

хајре2

гајре4

гарје3

Јавното претпријатие Комуналец, денес започна со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ - проект чија реализација, претходно доби едногласна поддршка од сите советнички групи од Советот на општина Битола.

Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец, годинава, засади 867 нови садници на следните локации: Саат кула, Партизанска, Осми септември, ОУ Стив Наумов, ул. Македонски гемиџии, главен парк и други локации. Претходно, во 2022 беа засадени 452 декоративни и 10 листопадни дрвја.

Во следната фаза работните активности, на просторот кај ветеринарната станица, ќе продолжат со воспоставување на времен режим на сообраќај за што јавноста навремено ќе биде известена, а изведувачот на работите „Јоска транс“, ќе започне со реконструкција на канализационата мрежа под кружниот тек.

Предвидените средства за реализација на овој инфраструктурен проект се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.

Со завршувањето на проектот, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, што е особено значајно како мерка за растоварување на сообраќајот, во функција на зголемена безбедност и намалување на аерозагадувањето преку намалено задржување на возилата во овој дел на градот.

Секој поминат ден со ВМРО- ДПМНЕ на власт и Коњановски како градоначалник, е на штета на Битола и битолчани. Денес жртва на самоволието на Општината се дрвјата кај поранешната
ветеринарна станица. Коњановски, со полициска асистенција и заштита сечи дрвја! Од што се плашат градоначалникот и ДПМНЕ, од своите сограѓани? Ако се толку убедени дека ја прават вистинската работа, зошто масакрот на зеленилото го прават во раните утрински часови, со заштита на полициски службеници?
 
Коњановски и ДПМНЕ се одлепени од реалноста во која се наоѓа Битола. Градот тони во долгови, а тие наместо да се зафатат со решавање на проблемите, на секој чекор демонстрираат сила и насилие. Рушат гаражи, рушат трафики, сечат дрвја и око не им трепнува за Битола и битолчани. Ова безумие што го практикува Коњановски не било ни во времето на Владимир Талески. Сите негови нереализирани проекти, сега ги реализира Коњановски, со една рака негови слепи послушници. Кога и да ја добие довербата од битолчани, ДПМНЕ им враќа на граѓаните со грабеж, насилство, самоволие и хаос, пишува во соопштението на СДСМ Битола. 

„ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски ја донесоа Битола на работ на банкрот! За една и пол година Коњановски потроши околу 50 милиони евра, а Општината нема пари за ништо! Коњановски противзаконски ги зголеми и даноците на имот за 300 отсто, но пак нема пари во касата за ниту еден од проектите што ги ветуваше! Прашањето е каде завршија парите на битолчани? Зошто нема пари за прифатилиште за бездомни животни, нема пари за спортски комплекс, немаат пари за планинарскиот дом Копанки? Но, затоа имаме многу примери каде стотици илјади денари се делеа кај сопартијци и роднини.

 Ситуацијата во речиси сите битолски јавни претпријатија и установи е катастрофална. Директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на градоначалникот Тони Коњановски сместени во директорсктие фотелји и во управните и надзорните одбори! Комуналец е над 40 милиони денари во минус! Водовод е во минус од 21 милион денари! Паркинзи во минус од над 1 милион денари! ВМРО-ДПМНЕ ја заглави конзулска Битола.

Ова се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата од народот. Катастрофа! Заради ваквото недомаќинско работење ВМРО – ДПМНЕ ја загуби поддршката во Советот на Општина Битола. Разрешување на оние кои се причина за оваа состојба во управните и надзорните одбори на шест битолски јавни претпријатија значи одговорност пред граѓаните.
Јавните претпријатија мора да ги управуваат домаќини и еснафи луѓе кои ја сакаат Битола. Надпартиски стручни луѓе во управните и надзорните одбори е вистинско решение, пораќа Менде Илиевски од СДСМ Битола. 

СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински или со загуба или, пак, не работат во интерес на граѓаните, туку на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ!

Членовите на управните и надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар се подеднакво одговорни за катастрофалното работење како и директорите назначени од градоначалникот Тони Коњановски!

Најголемиот виновник за состојбите во Битола е токму градоначалникот Тони Коњановски кој со месеци молчи и ништо не презема додека пред очите му се случува колапс на Битола. Коњановски, заради мир во сопствените партиски редови, скоро две години ги штити и брани директорите кои ги претворија претријатијата во загубари. Коњановски избра да слугува на ВМРО-ДПМНЕ, а не да работи во интерес на Битола!

Затоа, разрешувањето на Управните и Надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар е единствениот чекор кој може да го преземе Советот во моментов, пред да биде предоцна за спас на претпријатијата од кои зависи секојдневниот живот на битолчани, стои во соопштението на СДСМ Битола. 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани