2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На 88 години по кратко боледување денес, на 25 јуни 2023 година, почина Трпе Маринов, првиот дипломиран професор по математика во Битола. Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 26.06.2023 година, во капелата во Света Недела, а опелото и погребот ќе се одржат во 12,30 часот во храмот на Светонеделските гробишта.

Маринов беше признат и докажан професор по математика во Битола, кој предаваше скоро во сите средни училишта во градот. Воедно беше и професор на Техничкиот факултет по нацртна геометрија. Како просветен работник изваде многу генерации на интелектуалци кои и ден денес со гордост се сеќаваат на својот професор.

Покрај математика, предаваше и старогрчки јазик во Гимназијата „Јосип Броз-Тито'' , а грчки јазик во приватните училишта во Битола.

Трудови од областа на математиката остави и во пишана форма со цел да им ја доближе оваа научна област до идните генерации.

Семејството раскажува дека пензијата за него беше само ливче хартија зашто со книгата и науката се дружеше до последен здив.

Во рамки на 22 издание на фестивалот „Битола отворен град“ вчера летната сцена во МКЦ – Битола беше простор за изложба на цртежи, графики и фотографии од младите уметници: 

 
ДИМИТАР РИСТЕВСКИ
МИЛА ПЕТКОВСКА
АНГЕЛА ШАПАРДАНОВА
ТАТЈАНА ЈОВАНОВСКА
ДАРКО ГУЛЕВСКИ
САНДРА КОРЛЕВСКА
МИХАЕЛА ВЕЛЈАНОВСКА
АНАБЕЛА МАРКОВСКА
 
353465850 599728102302208 4243950126437944812 n
Истовремено течеше и проектот „Our NATION is imagiNATION“ – графити работилницата со
АНГЕЛА ШАПАРДАНОВА
ДАРКО ГУЛЕВСКИ
САНДРА КОРЛЕВСКА
ГАБРИЕЛА ЛАЗАРЕВСКА
НАТАЛИЈА ДИМОВА
353408193 599736558968029 1284882909573678475 n
 
DJ КИКЕЦ  беше музичка поддршка во вчерашниот убав летен на стан 
фото | Ивона Кочов
356337105 599734338968251 1006463304903151464 n

На музика па Олабај!

На театар па Олабај!

...Се креативните пакети кои ги надополнуваат и промовираат програмите на меѓународните фестивали во Битола, обезбедувајќи дополнителна програма што ќе ги анимира и задржи гостите и посетителите во локалната заедница, ќе ги поврзе со истата и ќе ја мотивира да ја конзумира фестивалската уметност. Во оваа слика воспоставуваме двострана нераскинлива врска помеѓу меѓународните фестивали во Битола и жителите во локалната заедница. „Олабај“ создава простори исполнети со содржини кои се резултат на нашата заложба да создаваме заедници кои поттикнуваат синергија помеѓу различните, помеѓу раздвоените по возраст, род, пол, област на интерес...

Ова „олабаено“ доживување започнува на 22 јуни со програмата „На музика па Олабај“ која е креирана за Меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“ и продолжува со програмата „На театар па Олабај“ која е креирана за „Битола Шекспир Фестивал“.

Screenshot 20230623 101318 Gmail

Дел од овие програми се Уметничката работилница: „Треба да ги затвориш очите – инаку нема да видиш ништо.“, „АrtHunt“ - Современи уметничи интервенции, „Ништо ново под сонцето“ и „Празната чинија одекнува најгласно“ – музички концертни надополнувања и џем сешн.

Овие два пакети одекнуваат со пулсот на слободата за експеримент, наметнувајќи се како нужно надополнување на културните пулсирања во градот.

Оваа програма ги балансира уметничките елементи кои имаат смисла и оние кои немаат, со ефектот на противречност, двосмисленост наспроти логиката и разумот.

„Олабај“ е програма која ќе се реалзира во текот на целата година.

Проектот го реализира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

 

АРТАКТ Битола

 

 

Интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Ивона Труфунов од СДСМ Битола:

„Три дена трае хистеријата на ДПМНЕ Битола за директорот на битолскиот затвор Драган Крајовски, воедно и претседател на ОО СДСМ Битола, ама никако да фатат корен глупостите што од партиската говорница ги чита член на ИК на ДПМНЕ која сеуште се надева на пратенички мандат.

Дали ДПМНЕ Битола ги слуша шпекулациите за состојбите во битолскиот затвор од поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски кој таму издржува казна затвор од пет и пол години за злоупотребите со бесплатниот ученички превоз?
Дали во ДПМНЕ Битола ги побркале информациите за условите во прилепскиот со условите во битолскиот затвор? Поранешниот градоначалник од ДПМНЕ, Владимир Талески, издржува казна затвор од седум години, ама тоа што им го кажува на сопартијците е за Прилеп, не за Битола.
Сѐ што треба да знаат за битолскиот затвор во ДПМНЕ Битола, е дека тој е реновиран, токму во времето на Драган Крајовски, и ги очекува сите сторители на кривични дела што се кријат во нивните редови. А, ги има на претек.
- Лидерот на ДПМНЕ Битола и директор на Водовод има две кривични пријави за злоупотреба на службената положба.
- Поранешен секретар на ДПМНЕ Битола е осуден на казна затвор во траење од пет месеци за кривично дело “Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”.
- Актуелен советник од ДПМНЕ е осуден на осум месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.
- Службеник во Општина Битола, симпатизер на ДПМНЕ, е осомничен за мито и пред неколку дена излезе од притвор во битолскиот затвор.
Почитувани од ДПМНЕ Битола,
За една и пол година власт, најголемиот успех што го постигнавте со Коњановски на чело се кривичните пријави што ги заработија ваши истакнати функционери и поддржувачи. Заради ова, сакате во јавноста да наметнете претстава дека сите сме исти. Ама, не е така.
Директорските смени што ќе следат во неколку јавни претпријатија во Битола за кои некој ви шепнал, и самите знаете многу добро дека се неповрзани со вашите небулози. Тоа се партиски одлуки со кои вие немате допирна точка. Истото не може да се каже за рокадите што ги правите на директорските места во јавните претпријатија во Битола. Во една година сменавте по двајца директори во Комуналец, Пазари и Паркинзи, ама никако да ви тргне работата. Наместо да се расправате со опозицијата, свртете се кон себе. Битола ја покрадовте и уназадивте и ништо од ветувањата не реализиравте!

Се поклопува отворањето на едни од двете најголеми културни манифестации во Битола, и тоа 9.издание на „Битола Шекспир фестивалот“ со она на 15 културно лето „Бит-фест“. До лани „Битола Шекспир фестивалот“ кој е во организација на Народен театар Битола беше редовно во рамките на „Бит фест“, а годинава на плакатот само пишува дека е финансиски поддржан од Општина Битола која го подготвува културното лето.

Двете манифестации започнуваат на 23 јуни, овој петок, со големи настани. Шекспировиот фестивал се отвора во 20 часот на големата сцена на Народен театар Битола со претставата „Макбет“ во режија на Никита Миливојевиќ, голема копродукција на Шекспир фестивалот од Србија, Будва град театар, СНП и Ујвидеки Шингаз од Нови Сад и БДП Белград. Бит-фест пак, се отвора во 21 часот во Хераклеја со „Вива Верди“, претстава со над 130 учесници меѓу кои Симфонискиот оркестар, хор, оперски солисти кои ќе изведат извадоци од најубавите опери на Верди. Солисти се Горан Начевски, Наде Талевска, Христијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и Зана Абази Рамадани.

Претходно градоначалникот на Битола, Тони Коњановски најави дека годинава во рамки на „Бит-фест“ ќе се најдат традиционалните фестивали меѓу кои и Шекспир.

Директорот на Народниот тетар од Битола, Иван Јерчиќ рече дека претставата „Магбет“ која е во копродукација на неколку театари можеше само на овој датум да гостува, а од претходно искуство знаеле дека „Бит-фест“ започнува на денешен ден со фестивалот „Солстис“.

„ Напревен е некаков превид и се надевам дека секоја од двете маниофестации ќе си најде своја публика и се надеваме на полна сала“, рече Јерќич.

На денешната прес конференција од Народниот театар од Битола најавија дека фестивалот ќе трае од 23 до 29 јуни. На програмата се документарен филм „Во чест на великанот Шекпир“ на конзулката Лилјана Спировска, „Лејди Макбет“ на Танцов театар Скопје, Шекпир караоке Реквием- испит по авторска игра од класата на Дејан Пројковски, Универзитет Еуропа Прима и за затворање концерт на Мариа Жуао и „Електрик квартет“ од Португалија. Фестивалот ќе има и втор дел во октомври со претстава на Народен театар од Битола и „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Јерчиќ изјави дека иако беа најавени три македонски претстави работени по Шекпир, беа откажани, па и годинава фестивалот е без домашна театарска претстава работена по дела на авторот.

„ Не знам во што е проблемот. Мое лично мислење е дека тоа не е репертоарска политика, можеби прашање на некаков буџет. Јасно е дека едно дело на Шекспир не може да се постави со ограничен буџет, станува збор за многу ликови, костими, сценографија, претпоставувам дека во тоа е проблемот“, рече Јерчиќ.

Илина Чоревска, програмски директор на Народен театар Битола, пак вели: „ Кога младите режисери ќе се зафатат да го работат Шекпир, се зафајќаат со целиот текст. А толку актуелни му се репликите што суштината на една претстава може да се извлече од само една реплика. Не сум сигурна дали сакаат доволно да експериментираат, не само македонските режисери и странските зашто кога се работат вакви култни дела ние имаме некакво очекување. Не треба да имаме очекување, едно дело на Шекспир може да има сосема различна конотација од некогаш и денес.

Локалниот лидер на СДС во Битола, конечно да одговори за состојбата во Затворот во Битола, побара на прес конференција Виолета Ковачевиќ, член на ИК УЖ ВМРО ДПМНЕ. 

Пресот го пренесуваме во целост: 

„Кулминацијата на траумата од долгиот опозиционерски стаж и екстремно лошото, за среќа, кусо практикување локална власт, колку што се поизвесни парламентарните избори станува поекстремна и кулминираше деновиве. И повторно, исклучиво со лаги, манипулации и лични дискредитации. Господо од СДС, немојте да мислите дека граѓаните и јавноста имаат кратко памтење. Цело време зад партиската говорница фрлате отров и чисти лаги и инсинуации, а Вашиот локален лидер, Драган Крајовски, остана нем и затворен, скриен и не се одважи да им одговори на ниту едно поставено прашање на граѓаните. Ако, во меѓувреме е променет од позицијата, барем тоа требаше да го обзнани. Така е чесно и одговорно. Ама, ајде што да правиме кога тоа не е ваша одлика.
 
И во оваа прилика, во името на вистината, повторно го прашуваме претседателот на СДС Драган Крајовски:
- дали тој лично одлучува кој ќе ги користи бенефициите и кој ќе престојува во отвореното одделение?
- дали е вистината дека дисциплината во Затворот е катастрофална?
- кој е исходот од контролата од Управата за извршување санкции?
- дали и натаму го оштетува буџетот на Затворот, заради тоа што вработените своите прекувремено одработени саати се принудени да си ги наплаќаат преку суд?
За вас едно дополнително и клучно прашање:
- директоре Крајовски, дали е во функција пречистителната станица во Затворот и дали тоа значи очигледна еколошка катастрофа за Битола и битолско ? Крајно време е да одговорите на поставените прашања“, рече Ковачевиќ
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани