АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младите од рурална Пелагонија ставија цени на своите иновативни производи! Работејќи на финализација на бизнис плановите, во рамките на проектот FAST FORWARD, 15 млади ги презентираа своите претприемнички идеи и истражуваа како да ги освојат пазарите во регионот.
Петтата работилница која се одржа оваа сабота во Битола беше посветена на истражување на пазарниот потенцијал на нивните бизнис идеи и формирање на индикативни цени со цел младите да проверат колку нивните идеи се рентабилни и пазарно ориентирани.
Дополнително, младите работеа на анализа на спецификите на конкретен пазар, анализа на сегмент од пазар како и разработка на профил на потенцијален купувач.
Ги разгледаа своите бизнис планиви и низ призмата на приходите и расходите односно направија проценка на потребните инвестиции и започнаа со изработка на базична финансиска проекција за наредните три години по основањето на нивниот стартап. Во последниот дел на работилницата, експертот им помогна да ги совладаат и основите за “пичинг” на една бизнис идеја.
Проектот “FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина” е имплементиран од Здружението за унапредување на развојни процеси ПРО ЛОКАЛ од Битола со поддршка од Американската Амбасада во Северна Македонија.
„Во моментов на територијата на општина Битола се работи на 16 локации, а се е подготвено за започнување со реализацијата на 6 нови. Градоначалникот Тони Коњановски и локалната самоуправа континуирано се посветени на реализацијата на програмата и решавањето на проблемите на граѓаните и покрај сите обиди за сопки и опструкции.
Парите на граѓаните се трошат исклучиво наменски, што потврдува и фактот дека 23 проценти од вкупните 25 реализација во првиот квартал годинава, се потрошени за капитални инвестицици односно инфраструктура.
Денес има повеќе од 121 милион денари на сметката на општина Битола и има нула денари доспеани обрски кон добавувачи. Таква е, почитувани граѓани, финансиската кондиција на општина Битола, а се друго е голема лага и груба манипулација од страна на СДСМ.
СДСМ и останатите советници кои ги поддржаа во нивната деструктивност се директно против развојот на општина Битола и директно против волјата на мнозинството граѓани изразена на локалните избори. СДСМ и останатите во Советот сакаат да изигруваат власт без легитимитет од граѓаните на Битола. Нивната намера за блокирање на работата на Советот е всушност блокирање на сите проекти за доброто на битолчани, а ние сме решени да ги реализираме и не отстапуваме од тоа! Деструктивноста, неработењето, импровизацијата, ароганцијата, се одлика на СДСМ и кога се во опозиција и кога се на власт. Тие бесрамно, дрско продолжуваат со манипулацииите, лагите и клеветите, итоа со лични напади и дискредитации, во што се вистински мајстори“, изјави Ѓорги Ѓоргиевски советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола.
Пред 22 години на денешен ден во близина на селото Гајре, загинаа Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од Битола и Новаци, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.
Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители.
Во нивна чест, во име на општина Битола, на двете локации цвеќе положи заменик градоначалникот Бојан Бојковски, како и семејствата на загинатите, колегите, воени старешини, делегации од политичките парии, Сојузот на борци и други поединци и здруженија.
Организатор на комеморативните настани е Министерството за одбрана – Регионално одделение за одбрана Битола, кои покрај чествувањето на претходно споменатите локации, организираа полагање цвеќе на гробовите на загинатите во Битола и Новаци. Во текот на денот се одржува меморијалниот турнир во мал фудбал во спортската сала „Боро Чурлевски“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници.
Јавното претпријатие Комуналец, денес започна со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ - проект чија реализација, претходно доби едногласна поддршка од сите советнички групи од Советот на општина Битола.
Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец, годинава, засади 867 нови садници на следните локации: Саат кула, Партизанска, Осми септември, ОУ Стив Наумов, ул. Македонски гемиџии, главен парк и други локации. Претходно, во 2022 беа засадени 452 декоративни и 10 листопадни дрвја.
Во следната фаза работните активности, на просторот кај ветеринарната станица, ќе продолжат со воспоставување на времен режим на сообраќај за што јавноста навремено ќе биде известена, а изведувачот на работите „Јоска транс“, ќе започне со реконструкција на канализационата мрежа под кружниот тек.
Предвидените средства за реализација на овој инфраструктурен проект се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.
Со завршувањето на проектот, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, што е особено значајно како мерка за растоварување на сообраќајот, во функција на зголемена безбедност и намалување на аерозагадувањето преку намалено задржување на возилата во овој дел на градот.
„ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски ја донесоа Битола на работ на банкрот! За една и пол година Коњановски потроши околу 50 милиони евра, а Општината нема пари за ништо! Коњановски противзаконски ги зголеми и даноците на имот за 300 отсто, но пак нема пари во касата за ниту еден од проектите што ги ветуваше! Прашањето е каде завршија парите на битолчани? Зошто нема пари за прифатилиште за бездомни животни, нема пари за спортски комплекс, немаат пари за планинарскиот дом Копанки? Но, затоа имаме многу примери каде стотици илјади денари се делеа кај сопартијци и роднини.
Ситуацијата во речиси сите битолски јавни претпријатија и установи е катастрофална. Директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на градоначалникот Тони Коњановски сместени во директорсктие фотелји и во управните и надзорните одбори! Комуналец е над 40 милиони денари во минус! Водовод е во минус од 21 милион денари! Паркинзи во минус од над 1 милион денари! ВМРО-ДПМНЕ ја заглави конзулска Битола.
СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински или со загуба или, пак, не работат во интерес на граѓаните, туку на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ!
Членовите на управните и надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар се подеднакво одговорни за катастрофалното работење како и директорите назначени од градоначалникот Тони Коњановски!
Најголемиот виновник за состојбите во Битола е токму градоначалникот Тони Коњановски кој со месеци молчи и ништо не презема додека пред очите му се случува колапс на Битола. Коњановски, заради мир во сопствените партиски редови, скоро две години ги штити и брани директорите кои ги претворија претријатијата во загубари. Коњановски избра да слугува на ВМРО-ДПМНЕ, а не да работи во интерес на Битола!
Затоа, разрешувањето на Управните и Надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар е единствениот чекор кој може да го преземе Советот во моментов, пред да биде предоцна за спас на претпријатијата од кои зависи секојдневниот живот на битолчани, стои во соопштението на СДСМ Битола.