2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Најголема излезност на гласањето за референдум е забележана на гласачките места во месностите Градчето Пејтон, Стевче Патако,  училиштето „Кирил и Методиј“ и кај Гроздот, а од селата во Лера, покажуваат резултатите на ДИК. Најмала излезност има во селото Ново Змирнево, Драгош, Ѓавато и Габалавци.

Велика Новевска од општина Новаци на 91 година излезе да гласа. На гласачкото место 161 се појави заедно со снаата која пак со штаки дојде на гласање зашто ја имала повредено ногата.

„За години не прашувајте, девеесетката ја заминав, но должност ми е да си го оставрам своето гласачко право. Гласаме и за помладите и за нас да биде добро“, рече баба Новевска.

До 13 часот во општина Битола излегле 16,7 проценти од гласачите или вкупно 13 704 гласачи од 82 131 граѓани, соопштиja од ОИК. До сега гласањето е мирно и без инциденти. 

Во Демир Хисар излезноста до 13 часот беше 15,7 проценти. 

Во Новаци 13 проценти, а во Могила 7,04 проценти. 

До девет часот утрово 2,8 проценти од гласачите излегле на гласање во општина Битола, соопштија од Општинската изборна комисија. Навреме биле отворени сите гласачки места и гласањето течи без проблеми.

 

На гласачките места утрово најчести беа пензионерите кои уште рано сабајче излегоа да го остварат своето гласачко право. Сепак, раздвиженоста беше слаба, па поголем број гласачи се очекуваат во текот на денот. Дел од гласачите изјавија дека очекуваат денот да мине без проблеми и граѓаните да го искажат својот став, а други пак, не сакаа да зборуваат во јавноста за очекувањата.

Фестивалските завеси на 39-то издание на Интенрнационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манки“ во Битола се одржа во полупразна сала во Центарот за култура. Церемонијата беше на потребното ниво, но публика немаше многу. Како и секоја година, така и оваа отворањето на фестивалот привлече повеќе гости отколку затворањето.

Без голем гламур и метеж на црвениот килим. Поминаа помалку политичари отколку на отворањето на фестивалот. Референдумот ги одвлече од филмот. На црвениот килим помина по некој некој локален фунционер, директор, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, новинари и филмаџии.

Откако дел од публиката беше искритикувана од модни критичари за тоа како изгледаше на отворањето од фестивалот, на завршната вечер се проби по другите патеки за да стигне до Центарот за култура.

Влашката заедница од Битола подолго време има идеја да ги пренесе посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола. Стефан Хаџи- Антоновски припадник на влашката заедница, но и еден од иницијаторите за создавање на фестивалот „Браќа Манаки“, вели дека годинава е подгоден момент за да се покрене ваква иницијатва бидејќи се слават 150 години од раѓањето на Јанаки Манаки и 120 години од атељето на браќата Манаки.

„Одамна постои оваа идеја, а целта наша е двајцата браќа да бидат во едно почивалиште. Јанаки починал во Солун и таму е погребан во ист гроб со сопругата и синот кој умрел уште додека бил дете. Милтон пак, е погребан на Влашките гробишта во Битола, заедно со сопругата. Двајцата се прогалсени за културни дејци и добро би било еден ден посмртните останки да бидат во заедничко почивалиште“, рече Хаџи- Антоновски за Апла.мк.

Зачувано е првото сценарио за филмот „Мист Стон“, дело на снимателот и режисер Трајче Попов и историчарот и писател Ѓорги Абаџиев. Се работи за сценарио од 1952 година кое деновиве беше изложено во битолската Магаза заедно со другата архива зачувана од филмот, а во склоп на изложбата „Мис Стон: некаде помеѓу Елен и автономијата“. Изложбата беше по повод 60 годишнината од премиерата на овој познат македонски филм, а поставена во рамки на Интенационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче и градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска направија увид на изведбените работи за уредување на коритото на река Шемница во Могила.

Во тек е четвртата фаза од проектот за регулација и уредување на речното корито на Шемница во должина од еден километар и 200 метри. Откако ќе се заврши со оваа фаза ќе се почне со поставување на електрификација и урбана опрема, а доколку дозволат временските услови уредувањето на речното корито на река Шемница во општина Могила ќе биде завршено оваа градежна сезона, рече градоначалничката Јасмина Гулевска. За оваа фаза предвидени се над 2,7 милиони денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани