2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ја поздави Битола како да е главен град на Македонија, откако и националниот координатор за НАТО во Македонија, Стево Пендаровски, рече дека таа е стариот главен град на Македонија и ги повикаа битолчани да излезат на рефрендумот. Тие гостуваа на трибината „За европска Македонија“ што се одржа на отворено на местото каде некогаш беше Белата фонтана во Битола.

Менде Трајковски пчелар од селоМаково ,Општина Новаци за Мариовскиот органски мед освои сребрен медал на Меѓународниот саем за храна и земјоделство АГРА 2018 што се одржа во Словенија. Наградата ја освои во силна конкуренција од 147 примероци на мед од Европа и пошироко. Ова признание има уште поголемо значење ако се има предвид фактот што саемот АГРА 2018 е еден од најстарите и најквалитетните меѓународни саеми за храна и земјоделство.

Оваа година Република Македонија беше земја партнер на саемот така што на простор од 140 квадратни метри покрај Мариовскиот органски мед беа изложени над 100 други производи како ајварот, лутеницата, традиционално овчо сирење и јагне, органска храна, вино...

И оваа среда бесплатен доручек  и ужинка од млекарницата „Бимилк“. Неодоливата понуда се состои во свеж, вкусен и здрав сендвич за доручек и парче Chees cake и чипс закуска  за попладневната пауза со колегите на работа. Производите се подготвени со Битолската павлака, која е вкусна во секаква комбинација со храна.   

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денес ќе присуствува на трибина во Битола по повод престојниот референдум за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Трибината со почеток во 18 часот ќе се одржи на платото пред Завод и музеј во Битола. На неа ќе зборуваат екс-генералниот секретар на НАТО Робертсон, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и грдоначалничката Наташа Петровска.

Џорџ Робертсон го водеше НАТО за време на турбулентните времиња на Балканот, војните во Босна, Косово и конфликтот во Македонија.

Сите примени кандидати на конкурсот за вработување во Клиничката болница веќе имаат потпишано договор и се регуларно пријавени со исклучок на неколку кои треба да си го регулираат претходниот статус, пишува во демантот испратен од Клиничката болница од Битола на прес конференцијата што ја одржа ВМРО-ДПМНЕ дека имало застој во вработувањата. Менаџерскиот тим на болницата предводен од директорот Зоран Лазаров, во демантот посочуваат дека нивниот почитуван колега, д-р Тони Коњановски, кој зборуваше на пресот на ВМРО-ДПМНЕ, изнел невистини како во делот на вработувањата , така и во делот за акцелераторот.

Има пропусти и застој во реализација на долго очекуваниот конкурсот за вработување на 30 лекари во Клиничката болница во Битола, обвинија на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Од партијата посочија дека меѓу неисполнетите ветувања и стопирани отпочнати проекти е и акцелераторот за зрачна терапија во Болницата. Од СДСМ им возвратија дека претходната власт оставила пуштош во здравствениот систем и болницата и дека во нивно време немало вработување на толку импозантен број од 70 лица во болницата.

Локализиран е пожарот кој вчера попладне избувна во близина на селото Асамати, Ресенско, соопштија од Противпожарната единица на Ресен за Апла.мк.

„Поржарот е локализиран. Во гаснењето учествувавме со три поротивпожарни возила и седум пожарникари. Пожарот се прошири од Асамати кон Грнчари. При крај е интервенцијата и пожарот е веќе локализиран“, велат од Противпожарната единица од Ресен.

Пожарот, велат, не го зафатил заштитниот појас со трски кај Езерани.

Ракометната школа на прочуелниот македонски ракометар Кире Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, почна со работа во Битола и Новаци. Школата тренинзи одржува во училишните спортски сали во општина Новаци, а во Битола во ОУ „Коле Канински“ и ОУ „Климент Охридски“. Со обуката ќе бидат опфатени деца од трето до седмо одделение кои од страна на професионалци ќе ги совладаат основите на ракометот, на тимската работа, ќе стекнат кондиција, а врз ќе се делува и едукативно и педагошки. Тренери за Битола и Новаци се дипломираните професори по физичка култура Кирил Атанасовски и Борче Марковски.

Ликовните уметници и младите ликовни таленти од Москва, Русија, деновиве беа пријатно изненадени од богатството и квалитетот на детски ликовни творби што Малиот битолски Монмартр ги изложи кај нив во националната библиотеката Доброљубов.

Изложбата на битолскиот Монмартр беше отворена во петокот и ќе трае до први октомври. Таму покрај тоа што можат да се видат стотици квалитетни детски цртежи, се одржаа и часови за сликање со акварел техника на кои учествуваа млади ликовни таленти од Битола и Москва.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани