АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Завршија градежните работи за поставување на шините на пругата од Битола за грчка граница, а до Нoва година останува да се довршат другите делови околу пругата, тоа се сигнализацијата, струјата, информатичкиот систем, железничката станица и паркингот. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешниот увид на градбата рече дека пругата ќе биде пуштена во употреба до Нова година.
Симеон Бундалевски ја донел електричната светлината во Битола уште пред 94 години. Овој битолски Никола Тесла немал ни дозавршено технички факултет, но успеал градот да го електрифицира во 1924 година, само три-четири лета по Скопје. Неговата заслуга е уште поголема зашто може да се каже дека минал низ иглени уши за да изгради првата битолска електроцентрала. Породилните маки на битолска Дистрибуција од пред еден век слични се на некои настани од поновата историја. И во тоа време имало корупција, алчност и опструкции.
Снегот предизвика големи проблеми и оштетувања на повеќе места низ градот на преку 300 дрвја и садници. Од ЈП „Комуналец“ соопштија дека нивни екипи постојано се на терен и превземаат активности за расчистување на настанатите проблеми.
Во Битола има од 10 до 15 деца заболени од дијабет тип 1 кои се на инсулин. Помалите деца се праќаат на лекување во Детската клиника во Скопје, па не се знае точниот број, но здравствените работници велат дека во просек се од 10 до 15. Воедно, од Битолската болница велат дека за 10 проценти од лани до годинава е зголемен бројот на лица заболени од дијабет.
Расте бројот на сообраќајни несреќи во Општина Битола, соопштија од Општински совет за безбедност на сообраќајот на манифестацијата Денови на сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи. Во првите седум месеци од годинава на територијата на Битола се случиле 176 сообраќајни несреќи од кои три со смртни случаи. И на ниво на држава бројот на сообраќајни незгоди се зголемува. До овој месец во Македонија имало 160 жртви и 6000 тешко поврдени лица во сообраќајни несреќи.
На интернет страницата на Дирекцијата за заштита и спасување објавена е вест дека вчера во 00.30 часот во Дирекцијата во Битола од СВР Битола стигнало известување дека четири лица биле завеани во обилниот снег во село Горно Ореово, поради неговото интензивно паѓање во текот на целиот ден.
Веднаш по добивањето на информацијата биле превземени сите активности за спасување на завеаните лица.
Не само што го читаат „Белото Циганче“ од познатиот детски писател Видое Подгорец, ученици од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола ја посетија и неговата родна куќа во струмичкото село Колешино. Тие учествуваа на литературната манифестација „Средба под јаворите“, во рамки на која на поетскиот конкурс „Денови на Подгорец“, осум годишната ученичка Леона Марковски од ОУ „Елпида Караманди“, под менторство на наставничката Гордана Угриновска, освои втора награда во категоријата на ученици од второ и трето одделение. На конкурсот имаше околу 600 пријавени творби во три категории од ученици од второ до деветто одделение.
Кубанците од танцувачката компанија „Фламенко Екос“, ѕвездите на Фестивалот на музика од светот што викендов се одржа во Битола, ја изненадија публиката со инструменталната изведба на македонската патриотска песна „Слушам кај шумат шумите, буките“. По ова кубанците заедно со битолчани заиграа оро низ слата на Центарот за култура.
Цане Леков од Кратово стана милионер. Најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Државна видеолотарија на РМ му донесе 1.653.877,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 16.11.2018 во Бет ту мар во Кратово.
Снежните врнежи предизвикаа кршење на гранки од улични дрвја, а навалија и бандери низ повеќе улици во Битола.