АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Оливер Змејковски од Виница, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.712.603, 00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 26.10.2018 во Делта Бет Моцарт во Виница.
Заедно со битолчаните сонот ќе го издигнеме до јаве. Енергијата ја црпам од промената на она што заедно сме го направиле зашто тоа не се моите туку нашите пари. Имав неспани ноќи заради немир, не од направеното, туку имав неспани ноќи за тоа што треба да е направено особено во испроблематизирани затекнати ситуации“, рече градоначалничката Наташа Петровска во својот говор при свеченото доделување на наградата „4 Номеври“’.
Добитничката на наградата за животно дело ,,4 Ноември", Виолета Томовска, на свечената церемонија на доделувањето на наградите во Центарот за култура, рече дека не би сакала да зборува многу, туку да ги поздрави битолчани со песна. По ова ја испеа песната што композиторот Кире Костов ја има напишано за Битола.
Голема површина со букова шума е исечена во Крушевската корија, во месноста викана Блага Вода, во шумскиот оддел 112, над селото Белушино, пренесува порталот СКД.МК. Исечента површина по големина ја споредуваат со фудбалско игралиште. Пресечените стебла не се добројувале. Сечата не наликувала на проред зашто билазафатена голема површина. Ни на санитарна сеча која се применува кај болни и суви дрвја. Буките изгледале здрави, а пресечените стебла светли што укажувало дека скоро биле отсечени. На сите страни имало гранки и остатоци од сечени дрва, па и скршени стебла кои настрадале додека други паѓале. Шумата во овој дел наликувала како да е погодена од епокалипса.
По патот наоѓале испаѓани сајли за влечење дрвна маса и трупци во должина од еден метар како што се продаваат по пазарите. Трупците биле поголеми од пропишаните димензии за шумски отпад што според Законот за шуми треба да се гранки и стебла со дијаметар со 7 сантиметри.
„Што ќе ги гледаш, со трактори ноќе минуваат и ако ги кажеш треба да се тепаш со луѓето. Од подолните села се. Има дрво крадци, секогаш имало и ќе има“, вели Шабан Ајровски, жител на село Белушино.
СДК пренеува дека дел од селаните раскажуваат дека сечачите имаат одобренија за збирање отпад по санитарна сеча.НА документот на кој пишувало дека на одредено лице му се одобрува собирање на отпадок, на местото за референтот кој ќе ја координира акцијата не било посочено конкретно лице туку пушувало работна група, вработени во шумската подружницата. Дел од селаните со апел до надлежните инстутуции да испитаат дали испратниците за собраната дрва маса наместо на лице место се издавале откако тракторите ќе излезеле од шумата?
Од Министерството за земјоделство одговорија дека шумската полиција од Крушево континуирано врши контрола во место викано Блага Вода оддел 112 над село Белушино и по извршените увиди од лице место до Основниот суд Крушево има поднесено девет барања за поведување на прекршчна постапка во последните три месеци.
Од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ за СДК велат дека воведуваат шумски ред по нелегалната сеча од која е нападната околината на село Белушино. Пишуваат дека се задолжени со решение од државен инспектор по шумарство и ловство од 29 септември годинава да воведат шумски ред.
„Да, дозволено е на било кој начин да се воведе шумски ред. Истотака би напоменале дека околината на село Белушино во Крушево е нападнато од нелегална сеча за што од ЈП ‘Македонски шуми’ –Скопје ПШС ‘Липа’-Крушево прави напори за сузбивање на овој вид на сеча, за што е побарано и помош од Шумската полиција и МВР за асистенција за да се спречи нелегалната сеча. Доколку би ги оставиле тие бесправно посечени дрва кои ги наведувате во вашиот допис, би настанале биотски, абиотски и други фактори кои можат да предизвикаат штетни последици во шумата и воедно во случај на пожар тие дрва би преставувале препрека и гориво за брзо ширење на пожарот“, пишува во одговорот од „Македонски шуми“.
Целиот текст: https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bukova-shuma-kolku-fudbalsko-igralishte-sotrena-vo-krushevskata-korija/
ЕЛЕМ и РЕК „Битола“ на своите вработени и сите граѓани на Битола им го честитаат 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.
Професорки по германски јазик од цела Македонија деновиве во Битола имаа ретка можност да присуствуваат на семинар со светски стандарди каде предавач беше експертот по германски јазик од Австрија, Лукас Маерхофер, професор од Виена кој држи предавања низ целиот свет. Познат е по интерактивните семинари, непосредноста, квалитетните предавања за што зборуваат неговите ангажмани од Австрија, други европски држави па сѐ до Техеран, Иран, Русија, Кзахстан, Кина, Хонг Конг, Тајван.
Слепи и слабовидни лица од целиот Балкан кои се љубители на шахот денес присуствуваа на турнирот во шах што традиционално се одржува секоја година по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември.
„Релјефниот шах е поразличен. Фигурите се ставаат во дупчиња со дрвце надолу за да не паѓаат. Шахот го играме со допир и со говор. Има играчи кои ја знаат цела релјефна табла на памет и сите потези ги знаат пред време. Еден релјефен шах заедно со часовник чини од 200 до 300 евра. Во Македонија вакви шахови нема, туку се набавуваат од странство и се скапи“, рече Стевче Костадиносвки од Здружението на слепи лица од Битола.
Гостите од Франција, меѓу кои амбасадорот Кристијан Тимоние, поранешната амбасадорка Лоренс Оер, градоначалникот на Епинал, Мишел Хајнриш и други членови на делегацијата во придружба на домаќините, градоначалничката Наташа Петровска, советникот Менде Илиевски, конзулката Калиопи Кривашија Стилиновиќ и други претставници на Општината и градот денес прошетаа низ Широк Сокак.
Општина Битола го распиша јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за купување велосипеди за 2018 година. Во повикот пишува дека Општината со цел да ги стимулира граѓаните за купување на превозни средства што не го загадуваат воздухот, ќе обезбеди дел од потрошените средства за купен велосипед од денот на повикот, па се до исцрпувањето на буџетот за оваа намена. Износот што ќе се субвенционира ќе биде до 30 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3000 денари.