АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според плановите на Јавното претпријатие за паркинзи, паркингот кај Спортската сала ќе биде реновиран идната година. Ова на денешната седница на Совет го најави советникот Зоран Петковски кој рече овој паркинг е лицето на градот пред се поради близината на спортскиот објект и пакот, па посебно за време на викенди е многу фреквентен. Тој рече дека паркингот е во очајна состојба и досега имале реакции од граѓани, како и од сопствениците на околните сендвичари дека од паркингот се крева голема прашина. Петковски најави дека етапно ќе се асфалтира индата година и дека проектот е изработен. Предвидено е поставување на нови рампи од 25 000 евра, а ќе е работи и на водоводна и одводна инсталација, улично осветлување, поставување на канделабри и хортикултурно уредување.
Петковски напомена дека на паркингот кај Декорпод кој ќе биде од отворен тип в година ќе има уште сто паркинг места, а на ниво на град во 2023 година се очекува бројот на паркинг места да биде зголемен за нови 240 паркиралишта.
Видовме и потврдивме дека онлајн наставата не е иста како наставата со физичко присуство. После пандемискиот период, се чувствува животот во училиштата, училниците и училиштните дворови, нели, како што доликува. Секако, соработката на учениците, со наставниците, па и на родителите е многу поблиска и поверодостојна. Исто така, забележуваме, но и насетуваме кај учениците дека на часовите „подзаборавија“ да пишуваат или почесто им се уморува раката од пишување. Нормално, тоа е резултат на долгиот (онлајн) период пред компјутер и на мобилен телефон. Но, не мора да значи, дека е баш така. Кој си учи и си работи, не наидува на никаква тешкотија. Сепак, тоа е до личната волја и совест!
И технологијата си го прави своето, тука нема дилеми?! За читањето убава белетристика, не сакам да пишувам, бидејќи тоа одамна е веќе заборавено, со ретки исклучоци на одговорни и посветени ученици. Или народски: „снајди се, па живеј“, меѓутоа, не е начин, да се стигне до знаење и успех. Како и да е, наставните активности, се одвиваат многу подобро.
По однос на прилагодувањето, не се согласувам дека на децата им било потешко, бидејќи долго време не биле во училиште и сега било потребно време за да ги вратат училиштните навики. Повеќе пати имам кажувано и ќе повторам: учењето е континуиран процес, а не, само од денес, за утре. Од тоа, нема придобивка. Од интелектуалниот капацитет кај едно дете, зависи и совладувањето на тоа што се учи и што треба да се истражува и знае. Точно е и многу се согласувам дека децата треба да бидат растеретени со наставни часови и предмети. Но, за тоа имаме надлежни институции кои треба да преземат соодветни мерки, а ние, наставниците тоа не можеме да го менуваме на своја рака. Свесни сме, за сите наставни околности..., посебно за очекуваните наставни реформи. Ние, само извршуваме и постапуваме како што ќе нѝ биде кажано. Доколку, се побара консултација и помош од наша страна, со задоволство ќе ја пружиме.
Веќе го насетуваме крајот на првото полугодие, стандарден период, исполнет со многу тестови, усни испрашувања, односно, заокружување на ученото, изминативе 4 месеци. Период, кој треба да се истрае и успешно да се заврши. Да запомнеме: ништо не е тешко, ако му го земеш редот стабилно и сериозно. Тоа се нарекува: континуитет. Со коректна комуникација, стабилна посветеност на наставните обврски и со многу љубов и желба, ќе ги потврдиме очекуваните резултати. Исто така, уште еднаш, по не знам кој пат, ќе повторам: на училиште, не учиме за оценки (тие се само формални бројки) кои фигурираат за одреден степен на постигнатиот успех, но не се клучни во утврдување на трајни: знаења, умеења, вештини. Така што, тоа воопшто да не ги загрижува ниту учениците, ниту нивните родители, дали меѓу сите петки, ќе има една четворка или една тројка. Тоа да не се сфаќа толку емотивно и трагично, затоа што може да се регулира на многу други начини. Оценката е значи, само форма, но не и содржина! Месеците: декември и мај, се водат битки за оценки, што е многу погрешно. Не се сфатила суштината на бројката, во споредба со квалитетно стекнатото знаење. Кога се работи една работа, не се тргнува од тоа што сме имале на школо, ами колку тоа практично умееме да го ставиме на располагање. Всушност, многу е едноставно: теоријата станува пракса, ако знаеш правилно да ја применуваш. Да се водиме по тој принцип и пореално да ги гледаме работите, а не, само да реагираме на сѐ и сешто. Тоа не е за добробит.
Да напредуваме со она што ќе ни биде од корист и служба, а не, да тежнееме за петки или не знам, за двојки итн. Се тргнува од елементарното, па се оди кон посложеното. На сите колеги, кои безрезервно и безпоштедно работат во настава и таа им е приоритетна цел на работа, како и на сите ученици, кои навистина се трудат да го вложат максималниот капацитет, односно дарот што го поседуваат: им честитам за постигнатите успеси кои значат и вредат, со желба за уште подобри докажувања, со нови сили, во второто наставно полугодие, со многу мотивираност и радост. До учениците: скијајте, ама не заборавајте да подзавртите некоја книжевна страничка, ние наставниците по македонски јазик, обично, не само за летниот, ами и за зимскиот распуст, даваме лектира. Па, среќно! Повеќе да читаме, да ги оставиме малку настрана социјалните мрежи!
Ви посакувам: Среќна Нова 2023 година и среќни новогодишни празници, со желби за: добро здравје, љубов, среќа, напредок и многу убави и позитивни работи и случувања!
Автор: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик
Новинарите од Битола денес остварија конструктивна средба со претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, кој неодамна беше реизбран за прв човек на здружението.
На средбата беше разговарано за понатамошно подобрување на состојбата во локалните и регионални медиуми и општо во новинарството.
На средбата беше истакнато дека треба да продолжат разговорите за Фонд на медиуми со кој ќе се финансираат квалитетни новинарски продукти, ќе се подигне стандардот на новинарите и состојбите во медиумите, подобрување на статусот на дописниците во медиумите, како и во МРТВ, поголема заштита на авторските права и друхо.
Присутните се согласија да продолжат напорите на ЗНМ за постојани средби, тренинзи, обуки на ниво на регионалните центри на ЗНМ за да заживее новинарската солидарност на ниво на цела фела.
По две возила од кои едното минибус, а другото автомобил на електричен погон и станица за полнење набавија општините Битола и Ресен, а од грчка страна Преспа и Лерин преку проектот „Зелена интер-е- мобилност“ финансиран од ИПА програмата на ЕУ. Возилата ќе бидат користени за потребите на жителите во општините, а предност ќе им се дадена на лицата со попреченост , ученици, студенти.
„Битола е единствената општина која едното од возилата го набави со специјалана опрема за луѓе со инвалидитет и се надевам дека ќе се исктористат на вистински начин“, рече Димитрис Ќамитрос, вонредн професор на Факултетот за електротехника и компјутерски науки во Кожани, Грција инаку одговорно лице во проектот.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека стваат посебен акцент на енергетските прашања и процеси. Прокетот е аплициран во 2016 година и како што истакна превиот човек на Општината, покажува како треба да се работи во континутет за да се заврши успешно една идеја. Рече дека регионот изобилува со сонце и затоа со проект на фотоволтаични инсталации со полнач за електрични возила се користи чиста обновлива енергија за возилата.
„Во изминатиот период сведоци сме на интензивни случувања поврзани со активно учество и придонесот на Општина Битола во проектите поврзани со енергетска ефикасност, заштита на животната средина и праведната транзиција, а тие области ни се високо на приоритетите во нашата општина. Во тој поглед работиме на проекти за поставување на енергетски фасади на објекти во надлежност на Општината, на фотоволтаични изолации, за подобрување на урбаната мобиност и други. Сметаме дека треба да се формира центар за праведна транзиција со седиште во Битола и ќе се започне со имплементрација на проекти на терен прво во најзасегнатите општини“, рече Коњановски.
Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски рече дека поставиле 20 киловатна фотоволтаична центра на општината зграда и набавиле две електрични возила.
„Едното го користиме секојдневно за превоз до трезорската сметка, практично патуваме бесплатно секој ден, најмалку двапати дневно сме во Битола за потребите на Општината. Другото ќе опфати пет населени места и ќе го вклучиме во школскиот превоз. Ќе продолжиме во следните години со монтирање на вакви централи на другите јавни објекти, пожарна, училчишта и уште една 20 киловатна станица на општинста зграда што во ваква енегретска криза многу значи“, рече Тозиевски.