2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 

Со утринска богослужба и Света божествена литургија, со која чиноначалствуваше митрополитот Петар во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, започна одбележувањето на Денот на заштитникот на Битола, Свети Нектариј Битолски. Потоа, следуваше литија со моштите на Свети Агатангел Битолски“, а  во чест на патронот и заштитникот на Битола – Свети Нектариј Битолски.

На денешното одбележување, организирано од Преспанско - пелагониската епархија, во соработка со општина Битола, присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски, кој испрати честитка по повод празникот до сите граѓани, посакувајќи доброто, секогаш да биде наша водилка на патот кон успехот:

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполниме со љубов, меѓусебно почитување и добрина кои ќе не водат кон исполнување на високите вредности, со кои ќе ја градиме иднината на Битола, иднината на сите нас и генерациите кои доаѓаат“, рече градоначалникот Коњановски.

По повод Свети Нектариј Битолски годинава за првпат, општина Битола, им додели награди на 19 талентирани и надарени ученици од општината, за постигнатиот успех во учебната 2021/2022 година.

некатриј34

некатриј2

 

На 15.12.2022 околу 16.30 во СВР Битола било пријавено дека во двор од куќа во с.Крклино, битолско, сопственост на Т.С.(75) има лице повредено со огнено оружје. Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото и било констатирно дека Т.С., додека ја чистел својата пушка марка „Застава“ во еден момент ја оставил, при што испукала кон помошен објект во дворот, а потоа го повредила А.С.(46) од с. Будаково, кој бил негов гостин. Лицето било пренесено во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР. 

Во неколку битолски основни училишта утрово имаше дојава за бомби. Тоа се училиштата Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Ѓорги Сугарев, Елпида Караманди и други. 

 

 received 1177496083143777

Наставата е прекината,  учениците и кадарот евакуирани. Се чека антитерористичка единица од Скопје да направи проверка. 

Дојавите стигнаа по електронските мејлови на школите. 

Младинскиот културен центар го промовираше проектот ЕНТЕГ финансиран од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка   меѓу Грција и Македонија кој ќе овозможи дипломираните студенти и апсолвенти со високо образование да започнат свој бизнис и да се вработат.

Повикот е отворен од 16.12.2022 година и ќе трае до 31.01.2023 година и може да се најде на следниот линк https://forms.gle/cS9nz24PuBWrHkxE6

Можат да се пријават лица до 35 години кои завршиле високо образование, а дополнителна вредност на проектот е тоа што овозможува вмрежување на младите од двете страни на границата, па и отпочнување на заеднички биснис.

ee2

                                                      

„Основната цел е да се воспостави еден нов иновативен систем за претприемничко учење кој ќе им помогне на младите невработени лица студенти или апсолвенти од Пелагонискиот Регион полесно да најдат работа или да започнат сопствен бизнис. Се работи за дигитална иновативна лабораторија за претприемничко учење со најсовремени алатки за информациска и комуникациска технологија, ќе се спроведува од девте страни на границата. Ќе им дадеме нова шанса на младите да се врмежуваат со нивните колеги од соседна Грција и полесно да најдат работа. Проектот ЕНТЕГ сметаме дека е одговор на проблемот со младинска невработеност што го имамне кај нас“, рече Златко Талевски од МКЦ Битола.

Младите од двете страни на границата заедно ќе го поминат процесот на учење и градење претприемнички вештини. За таа цел ќе имаат два циклуса на обуки во дигиталната лабораторија, но и обуки со физичко присуство во Солун.

„Целта ни е да помогнеме во унапредување не младите студенти и апсолвентите да можат да се претстават подобро за да стигнат до вработување. Ова е многу интересен процес за младите и многу сме среќни што ќе соработуваме двете држави за оваа цел, а да помогнеме во пријателството и да дадеме економска поддршка за нашите региони“, рече Ламприни Тсоли од Регионалниот фонд за развој во Грција.

Проектот ќе се спроведува 18 месеци со вкупен буџет од 551 840 евра од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а 15 проценти се од буџетот на земјите вклучени во проектот.

ee3

Секцијата на жени и Комисијата за културно-забавен живот при Здружението на пензионери од Битола расправаа за активностите и програмата што треба да се организираат во следната година.

Претседателката на Здружението на пензионери Деница Петличкова која присуствуваше на состанокот во своето излагање истакна дека и натаму најпрво треба да се води грижа за здравјето и стандардот на пензинерите, но и да се организираат манифестации кои ќе овозможат нивни креативни активности, со кои ќе се продонесе пензионерскиот живот и пензионерите да не се чувствуваат понастрана од сите останати активности што се организираат во државата.
 
Се разговараше пензионерите и следната година со средства од Здружението да организираат повеќе патувања за посета на знаменитостите и убавините на Македонија, но и доколку има заинтересирани, дел со сопствени средства, да се посетат и некои соседни земји за да присуствуваат на нивни културно забавни манифестации. 
 
По повод престојните новогодишни и Божиќни празници на 22 декември годинава ќе се одржи забава на заинтересирани пезнионери. Дел од трошоците за неа ќе ги подмири Здружението на пензионери кое е и во наредната година во соработка со волонтерите на Црвениот крст ќе продолжат да ја спроведуваат акцијата за посета и хуманитарни активности за помош на пензионерки од руралните средини.
 
Предлог програмата што ќе биде подготвена за активностите во следната година ќе биде разгледана  и од страна на другите органи на Здружението на пензионери од Битола и ќе биде дополнета, а потоа и прифатена за спроведување.  
plan3
 
 plan4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани