2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Започна новогодишното украсување на Битола. Од Општина Битола соопштија дека ќе се внесат и нови новогодишни содржини.

 

„Општината, како и минатата година, и годинава ќе внесе нови содржини низ кои и во моменталните услови на економска и енергетска криза, граѓаните ќе можат да ја почувствуваат новогодишната радост”, велат од Општината.

 

Не прецизираа колку пари ќе се потрошат за украсување на градот, но посочија дека за трошоците за оваа намена сумата е непроменета во последните четири години, па и сега останува иста.

Од локалната власт велат дека со префрлувањето на уличното осветлување на ЈП „Жабени“, сумата која ја плаќа Општината за потрошената струја е три пати помала споредбено со овој период лани.

Општина Битола објави и јавен повик за учество во така наречената „Зимска приказна“ што и годинава ќе се одржи во Офицерскиот дом. На него можат да аплицираат граѓани со културни активности кои ќе придонесат за збогатување на понудата на јавни содржини во општината по повод дочекот на Новата 2023 година.

6 декември 2022, Босански Петровац

Простата и строга историска нарација на жените во 20 век е „исткаена“ од две нитки: на трудот и војните. Масовното вработување во индустриското производство, двете светски војни и комунистичката револуција неповратно ги промениле социјалните улоги во приватниот и јавниот простор. Во политичкиот простор, женските движења за рамноправност и економска еманципација изградиле идеолошки платформи што се испреплетувале со националната и државната изградба во 20 век. Учеството на женско население во револуционерните, националните и герилските движења за време на Втората светска војна ги претставуваат основните полигони на женското учество во создавањето на политичката историја на светот, а истовремено претставуваат и фасцинантна приказна за човечката борба и потреба за цивилизациски скок напред.

И жените од Македонија низ организираното антифашистичко движење „станале дел од историјата“. Тој процес се финализирал за време на Втората светска војна. Во обемната документациска збирка од 1976 година за учеството на жените во НОБ се наоѓаат 5.752 биографски белешки на партизанки; 141 жена од Македонија го носи признанието „Партизанска споменица 1941“; и 7 жени се прогласени за народни херои: Мара Нацева, Оливера Јоциќ-Вера, Ибе Паликуќа, Естреја Овадија-Мара, Елпида Караманди, Вера Ацева, Фана Кочовска.

Ја спомнав документацијата и историските извори кои ја документираат оваа важна човечка повест. А за важноста на документите и изворите од историјата на жените на постјугословенскиот простор, како и за опасноста и последиците од губењето на архивите на женското живеено искуство, би сакала да споделам со вас еден пример од нашето современо искуство како активистки, историчарки на нашата заедница и хроничарки на минатите и современите борби. Во тој контекст, Ништо не ја сумира состојбата на терен, состојбата во нашите институции и училишта подобро од положбата документите создавани од и за општествената работа на АФЖ, т.е. состојбата на нивна заборавеност на нивно бледнеење во челуста на заборавот.

Во текот на изминатата година, заедно со македонска активистка Јана Коцевска започнавме еден обемен истражувачки и активистички процес посветен на сеќавањето и историјата на првото македонско женско списание „Македонка - Орган на АФЖ“. Искуствата од таа наша работа, особено нивната последица во просторот на политиките на сеќавање, сметам дека е важно да ги споделам тука.

Како историски извор, овој печат бил дел од изворите на научната литература од младата македонска историографија, во форма на објавени архивски колекции, што по првпат ја демистифицирале сликата за македонската жена како безличен и безимен дел од историјата. Пошироката цел била жените конечно да се изнесат на челото на националната историографија, како еднакви учесници во создавањето на државноста – цврста гаранција за иднината на нивните политички, социјални и економски права стекнати во блиското минато. Јазикот на АФЖ во списанието, на кој зборувале и пишувале за политичката вклученост на жените бил составен од неколку формули: „политичко издигнување“, „рамноправие“, „еманципација“, „ослободување на жената“, „тргање на мракот од очите“ и „хуманизација на односите меѓу половите“.

Кога се соочуваме со извор од историјата на АФЖ, од една страна преплавени сме од епистемолошките и културолошките потенцијали, Но, веднаш штом му пристапиме на изворот од истражувачки аспект, како главна потреба се јавува пополнувањето на празнините поврзани со конкретните услови, контекст и мрежа на личности кои биле вклучени во реализацијата на оваа важна документација. Состојбата на „фактографски дефицит“, т.е. недостатокот на поширок историографски полигон на кој би се изведувала теоретска артикулација на секоја понатамошна критичка анализа, јасно упатува дека списанијата, архивите и друго наследство до истроијата на АФЖ, денес првенствено претставува извор обвиен во заборав. Затоа, првото прашање што си го поставивме при преиспитувањето на положбата на списанието „Македонка“, како и во политиките на сеќавање, беше: зошто не постои интерес, во рамките на националните институции, за ретките остатоци од историјата на жените, каде што критичкиот пристап и родовата перспектива би се сметале за продуктивни? Краткиот преглед на главните одлики на застапеноста на списанието „Македонка“ во официјалниот наратив, како и во културата на сеќавање, може да ни биде од помош при давањето одговор.

Имено, уште во 1952 година АФЖ на Југославија и организацијата-наследник – СДЖ на Југославија, на централно и локално ниво почнале со создавање сопствен архив. Станувало збор за одлука да се почне со собирање документација, извори, сведоштва и мемоарски документи за учеството на жените во НОБ. Овој материјал подоцна требало архивски да се систематизира, но и од него да произлезат стручни монографии. На републичко ниво, во Македонија тој процес почнал дури во 1963 година од вработените во Институтот за национална историја и завршил во 1976 година, со издавањето на Зборникот документи на авторките Вера Весковиќ-Вангели и Марија Јовановиќ. До крајот на 20 век, оваа документација се користела како извор во научна и во комеморативна функција во формализираната социјалистичка култура на сеќавање.

По промената на системот во 1991 година, почнува заборавот на списанието во двојна смисла: и како дел од културата на периодика и како историски извор. Би можело да се каже дека споменот за списанието егзистирал во мнемониски ќошиња, како организациите кои произлегле од Сојузот на борци од НОБ како одржувачи на антифашистичката традиција; или во работата на поединци истражувачи од академското милје. Оваа криза на женскиот архив во постјугословенските општества посочува кон заклучокот дека исклучувањето на жените од сферата на моќ и (политички релевантните) знаења е најдобар доказ за автократска, контроверзна, недовршена модернизација. Всушност, една поразителна последица од заборавот во овој случај е губењето на врската помеѓу вредностите на АФЖ од политичка, културолошка и економска природа, со современите концепти за родовата еднаковост. Денес се почесто патот на еманципација на жените „се зема здраво за готово“, т.е. се заборава на потчовечката положба на жените пред само еден век. Тука мора целосно да се согласиме со идејата дека историското паметење е предуслов за креирање стратегии за општествени промени во сегашниот момент.

На крајот од нашата работа со важните извори за АФЖ на републичко и локално Македонско ниво, произлезе вреден зборник академски текстови, прв по 1970-те години, како и остварување на нашите напори за дигитална и слободна достапност на овој важен извор. Ние како активистки и како професионалци од областа на релевантните науки, мора да пристапиме кон една широка активност за поттикнување на институциите задолжени за чување на ова архивско наследство кон решавање на проблемите со заборавот. Притоа мора да бараме пристап кој го истакнува најважниот аспект на ова наследтсво: неговата центрираност на женското живеено искуство кое нуди поинакви наративи во нашите општества, често отруени со национализам и реакција на паланечките пракси. Со конзервирање на женското живеено искуство, создаваме „женски архив“, каде што се одвива константно потсетување на заедницата за неговиот значај.

И на крајот другарки, барањата за рамноправност често значат и предизвикување на воспоставените хиерархии. Така, додека формите на феминизмот и неговите делувања постојано се менуваат и напредуваат, реакцијата останува иста и може да се спореди со онаа од 19 век, со онаа од средината на 20 век и со таа од пред 10 години. Станува збор за мрзелив, популистички и квазиегалитарен сентимент дека „феминизмот не е за сиромашни држави“, дека ние сѐ уште „не сме на тоа ниво да се занимаваме со родови аспекти“ и сл. Она што јас го согледувам од историска перспектива е дека феминизмот кај нас има развиено една многу значајна функција за напредок на општеството, а тоа е воспоставување практика дека борбите се водат истовремено и на повеќе фронтови, за различни групи поединци и заедници. А токму таа точка од развојот на феминизмот во нашите општества води директно до работата и праксите на АФЖ.

На денешната прослава на патрониот празник на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ -Битола  беа доделени пофалници и парични награди за најдобро дипломираните студенти во академската 2021/22 година. 

 
За најуспешен  студент беше прогласена прилепчанката Сибела Мамудоска од Економскиот факултет во Прилеп, со просечна оценка на дипломирање 10. 
 
318280583 1125695124735624 4083479201220382214 n
Па, Радмила Андоноска, Факултет за туризам и угостителство-Охрид, просек 10
318046904 671770037960351 1557585369324103513 n
 
Симона Зуламоска, Педагошки факултет-Битола, просек 9,98
 
 317681633 1194007561537077 6002474907683451606 n
Димитар Митревски, ФИКТ, дипломирал со просек 9,92
313868628 516953407129707 1174580168046426626 n
 
Сара Стрезовска, Правен факултет-Кичево, просек 9,55
sara
 
Стефани Мирческа, Висока медицинска школа-Битола , просек 9,47
 
 novaaa
Сара Петковска, Технички факултет Битола , просек 9,38
 
nova4
 
Анасатасија Маркоска, Факултет за  безбедност -Скопје со просек 9,31.
 
 nova5

Во последниов период во Секторот за внатрешни работи Битола зачестија пријави од граѓани кои се измамени во делот на злоупотреба на личните податоци односно подигнување на брзи кредити во име на трето лице, за кое оштетените не се запознати.

„Во насока на спречување на злоупотребата на лични податоци, кражбата на идентитет, како и злоупотребата на дебитните и кредитните картички, во пресрет на празниците, кога се очекуваат зголемен број трансакции, ги предупредуваме граѓаните да бидат исклучително внимателни во делот на компјутерските измами и злоупотребата на личните податоци.

Извршните одбори на Здруженијата на пензионери  од Битола и Прилеп на третата по ред заедничка седница расправаа за актуелните прашања од работата и животот на пензионерите од  овие две збратимени здруженија. 

 
Претседателката на Здружението на  пензионери од Битола, Даница Петличкова, истакна дека со околу 20 000 пензионери, ова здружение од Битола е најмногубројно во државата поради што и неговите активности се најразновидни и забележителни. Неодамна за пензионерите се склучени договори на четири рати да им бидат доставени 27 тони свинсо месо, а до средината на овој  месец се очекува сите пензионери да ги обезбедат огревните дрва. 
десета
 
Петличкова рече дека во 31 огранок на ова Здружение се чувствува потреба за отворање на нови пензионерски клубови зашто во постојниот клуб посетителите се задоволни од неговото функционирање. 
 
Славко Трајкоски, претседател на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Прилеп, ги спомена нивните постигнати резултати на Пензионерските спортски игри, нагласувајќи дека овие две здруженија треба да востановат и повеќе други форми за соработка. 
 
Крсте Белевски, претседател  на Собранието на пензионери од Битола, ги запозна присутните дека во тек е постапката на пензионертите да им бидат ставени во владение сите старски домови кои се изградени со средства на пензионерите од Македонија. На заедничката седница меѓу членовите на Извршните одбори од Битола и Прилеп присуствуваше и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери од Македонија, м-р  Илија Адамовски кој рече дека во овие два града има повеќе пензионери отколку во Источниот дел на државата заради што треба тие и натаму да изнајдуваат разни форми за соработка и со хумани донации да се грижат за  подобрување на стандардот и здравјето на пензионерите. 
 
И низ останатите дискусии на другите присустни исто така беше   нагласена потребата за уште поуспешна соработка меѓу пензионерите од здруженијата во Битола и Прилеп. 
11 та
 
12 та
 
13 та
 
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани