2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 

 Младите од седум рурални општини од Пелагонискиот регион го изодеа „административниот пат“ до реализација на своите идеи. По иницијатива на 50-тина млади кои беа дел проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ во изминатите 12 месеци беа изградени две теретани на отворено во Новаци и Могила, се уредија два паркови во Демир Хисар и Кривогаштани, се опреми кино на отворено во Крушево и се уреди спортски терен во Долнени. Објектите се изградени со заедничко финансирање од Амбасадата на Кралството Холандија и општинските буџети.

Апатичноста и пасивноста на младите од руралните средини во Пелагонија, трендот на иселување село – град и недовербата кон институциите беше причината организацијата Про Локал во соработка со уште девет локални партнери да организира интензивен процес на вклучување на младите во јавниот живот.

груп 2

Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ функционираше како отворена Академија за лидери, активностите се реализираа на јазик разбирлив за младите – дигитално и на несекојдневни локации како островот Голем град, адреналинскиот парк во Крушево, хајкинг патеките на Галичица и Пелистер, фитнес тереана... Преку иновативни работилници, мотивациски дебати со успешни личности, симулации на работењето на јавните институции, средби со градоначалниците и советниците од регионот се градеа капацитетите на младите за да стекнат знаења и практични вештини да ја променат средината во која живеат.

Младите имаа привилегија да учествуваат на тренингот „Training on EU citizens/youth engagement practices“, кој го водеа експерти од Хаг од Академијата за Локлано Владеење која е водечка организација во светски рамки за граѓанско учество во носењето на локални политики. Добија и Сертификат за завршен тренинг кој е признат во ЕУ ( вредноста на тренингот надвор од проектот е неколку илјади евра за еден учесник) .

На завршната конференција која се одржа вчера во Битола, заменик амбасадорот на Холандија во земјава, г-дин Роберт Декер им порача на младите да ги искористат овие знаења и да делуваат – затоа што обврската да го променат местото во кое живеат им останува ним.

„Трениравме група млади луѓе за лидерски вештини, демократија, човекови права, но исто така како да ги презентираат нивните идеи и да работат заедно со општините. Градоначалниците ги слушаа младите луѓе, какви идеи имаат за нивните општини и на тие идеи беше основана соработка за да се спроведат во средината каде живеат“, рече Роберт Декер, заменик амбасадор во Амбасадата на Кралството Холандија.

амба

Градоначалниците од регионот потпишаа и Меморандум за формирање на првата регионална платформа за млади, преку која општините заедно со Про Локал и локалните организации ќе работат решавање на проблемите и унапредување на состојбата на младите во Пелагонија.

„Од една страна младите го научија формалниот административен процес , како да се обратат до градоначалниците и Советите за да реализираат конкретен проект. Од друга страна, ги зајакнаа капацитетите лидерство, настап во јавност, знаење за процедурите на донаторите, апликаци кои им се потребни како административна култура да можат да се вклучат во јавниот живот“, рече Емилиа Ѓероска, претседател Про Локал.

еми

Поради позитивните промени врз младите од рурална Пелагонија, Про Локал ќе продолжи со реализација на проектот и во наредните две години со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во земјата, а во периодот 2022-2024 ќе бидат вклучени и општините Битола и Прилеп, 50 нови учесници и ќе бидат изградени 9 нови инфраструктурни објекти од мал обем по предлог на младите од пелагониските општини.

градо

млади

групна3

 

 НУ Народен театар Битола денес (14 ноември 2022 година) го слави  78 роденден. Одбележувањето започна уште од утринските часови во 09.30  со програма за најмладите насловена „Зошто го сакам театарот„. Продолжува вечерва во 19.00 ч.  со Изложба на театарски портрети од Кирил Гегоски и во 20 часот со Музичко-сценски перформанс „За нашиот театар„. 

Професионалниот театар со работа официјално започнува на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески – Петтоимениот Ѓоре. Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола.

Првите членови, основачи на Битолскиот театар се: Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Првиот управник е Аки Павловски (1945).


Од 1980 година театарот работи во нов, исклучително функционален објект, кој на ансамблот му овозможува најдобри технолошки услови за работа.

Од 1945 до 2001 година Битолскиот театар има изведено над 350 премиери и одиграно над 7.000 претстави. Денес тој е несомнено најуспешен театарски ансамбл во Македонија, афирмиран и респектиран не само во поширокиот балкански регион, туку и подалеку.

СООПШТЕНИЕ

 

Здружението на пензионери Битола им соопштува на своите членови старосни,семејни и војни пензионери дека уписот за свински половинки ќе започне на14.11.2022 год.секој работен ден од 10.30 до 13.30час. во салата за состаноци на први кат

Цената е 258 ден/кг.

Плаќањето е на четири рати.

Првата рата се плаќа со запишувањето,а другите три рати во зависност од килограмите.

При уписот да се носи талон од пензија не постар од 3(три)месеци и лична карта.

                                       Здружение на пензионери

                                                            Битола                      

Во македонскиот јазик, веќе неколку години, активно и зачестено, присутна е секојдневната употреба на англизмите. Ги употребуваме сите, но, најмногу учениците и помладиот свет.

На што се должи прекумерната употреба на англизмите?

Сметам, дека современата, електронска комуникација, интернетот, си го прави своето, понатаму, нечитањето на домашна белетристика, недоволното познавање на својот мајчин јазик, гледањето филмови и сл. со странски превод... и кога сето тоа ќе се сумира, јасно е, зошто во секојдневната комуникација доминираат: поштовање, респект, ин, кулирање, шерување, тагнување, ок, ... и уште многу, многу други зборови и изрази. Типични интернационализми! Свесната употреба на овие зборови и изрази, не дозволува да ги замениме со наши соодветни зборови. Но, тоа е сепак, до личната свест на секој од нас. Да размислиме, дали е во ред, толку зачестено да користиме: гууд, наместо добар, добро... На пример, на час по македонски јазик и литература, или кога работиме писмена работа, не смеат да се користат зборови од туѓо потекло, затоа што на тој начин, ние не покажуваме никакво почитување, а најмалку не, негување на македонскиот јазик. И воопшто, наставата во македонското образование не смее да дозволи и да применува интернационализми, иако се многу чести во употреба (освен, по предметот англиски јазик, каде што е нормално да се зборува на тој јазик). На тој начин, правописот отстапува од своите правила. Тоа важи, во секоја друга администрација, поготово на јавен настап, пред македонска телевизија, и сл. Да не дозволуваме да надвладее туѓата лексика, затоа што имаме своја, соодветна лексика на нашиот убав, стандарден, литературен јазик. Доколку, се ограничиме во употребата (акцентирам, - на англизмите), ние многу повеќе и подобро ќе покажеме култура кон нашиот јазик. Замислете, колку е непријатно да покажувате почит кон другиот јазик, а сопствениот јазик да го занемарите. Тоа е недозволиво. Така ја уништуваме јазичната норма на стандарден (кодифициран) јазик. Оттука, лигично е, да се јавува проблем во неписменоста кај учениците и кај генерациите кои завршуваат образование. Тој проблем е траен, доколку навреме не се поправи. А за да се поправи, на тоа се работи уште од најмала возраст, кога се стекнува писмена основа на училиште. Да запомнеме: има прилики и околности, кои дозволуваат целосна употреба на интернационализмите, и тука ништо не е зачудувачко, меѓутоа, на македонско тло, се знае дека треба да бидат најприсутни македонизмите. Да не се разбереме погрешно, ние не можеме да ги искорениме туѓите зборови кои навлегле и навлегуваат во нашиот јазик, но укажуваме на нивно, контролирано и соодветно користење. Затоа, да не покажуваме одбивност, ами љубов, задоволство и правилна употреба, на македонскиот јазик и на македонизмите. За секој странски збор, во нашиот јазик, постои соодветен превод, замена. Наше е, да се трудиме и да настојуваме, што позачестено да користиме наша, македонска лексика, како во разговорна, така и во пишувана форма. На тој начин, нашиот јазик, станува побогат и подоминантен, кај нас, па и прекугранично!

 

„Јазикот е единствената наша татковина“ – Блаже Конески

Блаже Конески, основоположникот и кодификатор на современиот македонски јазик, има напишано: „Јазикот е единствената наша татковина“.; „Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“; Ќе дополнам уште две други мисли: „Судбината на јазикот, е судбина на народот.“ (Гане Тодоровски) и „Без јазик, си никој и ништо.“ (Видое Подгорец). Безвремени мисли и пораки, кои никогаш не бледнеат. Оживуваат во секое време и на секое место.

Имаме длабоко вкоренето, македонско книжевно наследство (како на историски, така на поетски и прозен план), за кое посебна и заслужна улога има Конески, или вториот Мисирков, како и сите лингвисти и книжевници кои придонеле и придонесуваат за зачувување и ширење на кирилското писмо и македонскиот збор. Одговорност и обврска на сите нас е, да водиме грижа и да знаеме да го чуваме и соодветно применуваме нашиот македонски јазик, односно, да не дозволуваме влијание на странска лексика, во секојдневието. Да го чуваме заветот од предците! Што би советувал како најдобра варијанта во негувањето на македонизмот? Би советувал: читајте домашни автори и нивни дела, гледајте филмови, претстави, документарни емисии од нашата македонска почва, користете кирилично писмо, не „шерувајте“, туку споделувајте македонски текстови и пејзажи (ги има во недоброј), богатете го речникот на македонскиот јазик со правилни македонски изрази и зборови и најважно – зборувајте на македонски литературен јазик! На овој начин, придонесуваме во ширењето на македонската јазична култура, а со тоа, сме директни сведоци на постоењето на македонскиот јазик како на фонетско, така на морфолошко, синтаксичко, лексиколошко, лексикографско, дијалектолошко, па дури и на стилистичко рамниште. Да говориме на македонски јазик и да користиме македонизми! Да бидеме благодарни и да имаме чест, што нашиот јазик надалеку се изучува и користи и што постои интерес за изучување, во прекуокеанските земји. Англизмите, имаат свое говорно подрачје! Затоа, да придаваме, многу поголемо значење на македонизмите! Колку убаво звучи, кога се разбираме на свој јазик! За да знаеме странски јазици, најпрвин, треба да тргнеме од својот, мајчин јазик!

Автор: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик

На 12 ноемеври, во сабота, со почеток во 18 часот во хотел „Милениум Палас“ во Битола ќе се одржи промоцијата на новото политичко движење Македонска Модерна. Основачите порачуваат дека ова движење настана како плод на ентузијазмот на неколкумина личности, кои своеглаво и храбро, се осмелија да кажат дека веќе е доста. Политичкото движење Македонска Модерна, претставува партнер на граѓаните, тоа произлегува од нив и постои за нив.

Говорници на промоцијата ќе бидат Васко Гичевски и Петар Атанасов.

„За нас е важно да се слушне гласот на народот, но уште поважно е да се дејствува во насока на разрешување на проблемите кои на сите нас ни надвиснати врз главите. Ќе проговориме за образованието и општеството, бидејќи образованието е најзначаен сегмент во градењето на едно општество. Како просветен работник секогаш сум се борел за доброто на учениците, за развој на воспитно- образовната дејност, за подобрување на положбата на просветните работници. Овие гледишта се длабоко вткаени во политичкото движење „Македонска Модерна““, вели Гичевски.

Визијата на новото политичко движење е засновано на тоа дека македонската држава мора да биде изградена врз здрави темели. Во нашето општество мора да надвладее разумот и квалитетот! Современата македонска држава, треба за цел да ја има благосостојбата на народот! Од друга страна, треба да се знае дека, општествените промени не се случуваат сами од себе. Народот е тој кој навистина управува со развојот, народот сам си ја кова својата судбина.

„Токму поради тоа, важен е ставот на сите вас кои сте дел од македонското општество. Важен ни е вашиот глас, вашиот став, вашите проблеми! Само заедно преку постојан дијалог можеме да ги донесеме најправилните решенија за најголемите проблеми. Ве очекувам сабота на 12 ноември заедно да проговориме и да дејствуваме за нашето подобро утре“, порачаа организаторите.

 

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и битолскиот градоначалник Тони Коњановски ја открија голема репродукција, диптих, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак (1895-1974) која ќе краси дел од внатрешните ѕидови на битолската општинска зграда. Репродукцијата насловена „Бреговите на Драгор во Моностар“ е изработена од дела што авторот ги насликал во Битола во 1917 година кога бил дел од француската армија која се борела на Македонскиот фронт во Првата светска војна. Пејрисак е претставник на француската модерна уметност од 20 век, а во неговите дел има и елементи на кубизмот.

314395217 1301632690393228 6414041343693041378 n

„Ова дело е симбол на пријателството меѓу нас. Таа приказна за нашето пријателство е долга, но станува уште подлабока и почовечка. Оваа фреска е составена од репродукции на дела кои ја претставуваат старата битолска чаршија и бреговите на Драгор. Жан сакал да студира медицина, но започнала војната и се пријавил како доборволец, а во 1917 година бил испратен на Македонскиот односно Солунскиот фронт во Солун и Битола. Неговите спомени од Солунскиот фонт го следат засекогаш. Во делата ќе престави многу мотиви од Битола. Преку оваа фреска Жан повторно се врати во градот кој толку силно го има приврзано“, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

314700268 1101035557220562 6987004019037496845 n

Репродукцијата е откриена по повод празнувањето на 104 годишнината од крајот на Првата светска војна. По војната Жан се разболил од маларија и жолтица, а откако е излекувал заминал да живее во Алжир и творел цело време, претежно мотиви од војната.

Авторските права за делата ги иотстапи семејството Пејрисак, чија внука Стефани рече дека се почестени што сеќавањето на нејзиниот дедо од средбата со македонскиот народ ќе бидат присустни во очите на многу посетители преку ѕидовите на битолската Општина. Репродукцијата ја направи уметничкото ателје Солак, а иницијативата за проектот ја даде историчарот од Франција Ерик Алан.

314589725 803624894332653 6160201332583569376 n

(Внуката на сликарот Стефани Пејрисак)

„Ова е уште една потврда за нашата соработка во делот на културата и уметноста. Ова дело потекнува од 1917 година и отсликува еден мошне значаен период за Битола. Верувам дека ќе претставува вистинска атракција за многу гости кои ќе ја посетат Битола и ќе сведочи за добрата меѓународна соработа која ја негува Општината“, рече градоначалникот Коњановски.

314628621 668499224850722 8086381824577576853 n

 

Градежните активности за кои Општина Битола имаше склучено договор со Гранит за изградба на северната трибина на Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола се целосно реализирани. Тоа значи дека заврши изградбата на северната трибина, соопшти градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Совет. (9.11.2022)

„Во тек е реализација на договорот за поставување на сточчиња за седење на трибината, за скоро време целосно ќе се постават. Преку договорот што Општината го има склучено со Фудбалската федерација на Македонија треба да бидат поставени четири главни големи рефлектори што ќе го осветлуваат стадионот и на нив веќе се работи преку поставување на електриката“, рече Коњановски.

Тој посочи дека добро е и Владата да размисли за овој проект кој Општина Битола го реализираше од сопствен буџет и се уште плаќа и да инвестира средства во реконструкција на другата трибина по примерот на Општината како овој објект би добил целосна рамка како што треба да изгледа.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани