2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во понеделник со почеток во 19 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи промоција на документарниот филм „Уметникот од фронтот-Валентин“. Носители на проектот  се Македонското научно друштво Битола и АЛДА-Скопје. Документраниот филм го изработи Creative Production во рамките на програмата за соработка помеѓу Регионот Нормандија – Република Франција и Република Македонија.

Филмот ја раскажува животната приказна на францускиот војник Етјен Андре Валентин, учесник на Македонскиот фронт, кој кога не бил во битка, земал молив и хартија и сликал сцени од Фронтот и животот во битолско. Цртежите се зачувани до денес.  

Се бележат пешачките премини пред училиштата во Битола. Градоначалничката Наташа Петровска најави дека до стартот на учебната година, односно до понеделник, ќе биде обележана хоризонталната сигнализација со сите училиште во општината.

„Бидејќи е законски завршена постапката за избор на извршител околу означувањето на хоризонталната сигнализација, до понеделник ќе се обележат пешачките премини до училиштата како би се овозможило пред почетокот на училишната година, учениците да имаат побезбеден пристап до сите институции“, рече Петровска. 
 
Во изминатиот период, Општината се обиде на тендер да пронајде фирма која ќе ги обележи пешачките премини со поквалитетна и подолготрајна боја. Но, таква фирма не се пријави, па тендерот пропадна и потоа мораа да распишат нов.  40400239 479429349189533 270907115189567488 n40402791 1893529980764596 2253905271078256640 n

Фабриката за опрема и делови својата општествена одговорност денес ја покажа на дело донирајќи влезни врати во Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола. Со оваа донација и училиштето, а и околу илјада ученици кои од понеделник таму ќе посетуваат настава, ќе бидат побезбедни.

Директорот на ФОД, Методија Тасевски, рече дека со оваа скромна донација, фабриката изразува поддршка кон училиштето „Климент Охридски“ на почетокот на учебната година, а соработката ќе продолжи и понатаму.

Битола се помалку е мојата Битола, а веќе четириесетина години ги газам истите улици. Градот тој, а лицата на Широк Сокак непознати. Некогаш од средби со пријатели еден час го минував Корзото. Денес одвај и да имам кому да мавнам. Миграција збриша цели генерации. Дел се блиску, во метрополата, па доаѓаат преку викенд. Но, многу повеќе се оние распрскани низ белиот свет, со стотици километри далеку од местото кое некогаш го нарекуваа дом.

Пред почетокот на учебната година, со средства од Општина Битола, се работи на последните активности за санација на покривните конструкции во две битолски училишта.

Од Општина Битола соопштија дека Средното општинско медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, доби нова покривна конструкција во делот на санитарниот чвор на вториот кат во училиштето.Таваните кои речиси не беа употребливи и претставуваа опасност за учениците, се заменуваат со нови, со што, по подолго време, на учениците во ова средно училиште кои учат на вториот кат, ќе им се овозможи да ги користат тоалетите на сопствениот кат. На овој начин, се надминува уште еден горлив долгогодишен проблем во ова училиште, особено за учениците, затоа што се оптоваруваа тоалетите на останатите катови. Општина Битола, за реконструкција на таванскиот дел за ова училиште одвои над 37.000 денари.

Облечени по фустани, високи потпетици, шапки, венчиња од цветови, па дури и вратоврски, битолчани дотерани возеа точаци. Тие беа дел од настанот 51-ва критична маса „Дотерани на точак“ чиј повик беше „Да возиме како прави дами и господа“. На велотурата се придружија неколку стотици битолчани, а велосипедската дружба започна од плоштадот Магнолија, се одвиваше низ градските улици и заврши во Бар чаршија.

Некои песни не се забораваат. Остануваат евергрини. Таков е случајот со вонвременските синглови на познатата пејачка Сашка Петковска. Денес се навршуваат 35 години од нејзината трагична смрт во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Свети Николе, а имаше само 32 години кога почина. Иако беше родена во Зрењанин, се сметаше за битолчанка бидејќи порaсна во градот на конзулите. Битола до денес не ја заборави, на забави се пејат нејзините песни, а музичарите до денес ја издвојуваат како еден од најдобрите женски музички гласови што произлегле од Битола.

„Кугламе и сме среќни“ е проект во целосна реализација на ЗГ „Нови перцепции“ од Битола. Се работи за афирмирање на кугларскиот спорт во Битола и Битолско кој ќе трае од 10-ти септември до крајот на календарската 2018 година.

 ЗГ „Нови перцепции“ оваа активност ја реализира во соработка со Општина Битола, Општина Могила, Општина Новаци и кугларскиот клуб „Хераклеа“ - Битола.

Проектот овозможува бесплатно да започнат да куглаат 400 ученици кои во учебната 2018/19 година запишале 9-то одделение во основните училишта од трите Општини под надзор и тренерска работа на искусни кугларски тренери од Битола. Сите активности на учениците, вклучувајќи ги тренинзите, обуките, турнирите, гостување во Скопје ќе бидат во целост покриени од страна на ЗГ „Нови перцепции“.

Багерите за ископ на јаглен поради нивната големина биле нарекувани џинови, а багерот ЕШ вработените го викале народски „ежот“ поради сличноста на зборовите. Местото за одлагање на откривката било опишувано како висорамнина, а зелениот појас што се засадувал во близина на браната на РЕК, Титова шума. За ваквите невообичаени имиња кои им се давале на опремата и промените кои настанувале во околината кога се градел РЕК зборуваат текстовите што во „Битолски весник“ кон крајот на седумдесетите години го објавувале новинарите.

Здружението „Млади хуманисти“ на 25 август, Светскиот ден на хуманоста, имаше промоција на сработените активности во изминатите две години. Претседателот Бојан Тодоровски соопшти дека од 2016 до 2018 година спровеле околу 70 хуманитарни активности , а 150 000 денари потрошиле во акции за помош на болни деца. На промоцијата на „Млади хуманисти“ беше организирана и културна програма во која настапи популарниот млад битолчанец Божидар Николовски, а присуствуваа а други видни личности од градот. Од Здружението најавуваат дека и понатаму ќе продолжат да им помагаат на своите сограѓани. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани