АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Голем број христијански верници ја посетија црквата „Свети Атанасиј“ во Дихово која денес го слави својот патрон празник. Тие запалија свеќа за здравје. Црквата се наоаѓа во подножјето на Пелистер, во западен правец на 3 километри оддалечена од селото. До неа води земјен пат кој често пати го искчауваат некои од планинарите рекреативно. Свети Атанасиј годинава донесе и снег, па ја побели шумата околу манастирот. Овој празник покажа дека уште сме среде зима иако се смета дека од денес во времетраење се зголемува денот.
На 29.01.2023 во 06.30 часот во Полициското одделение Кривогаштани било пријавено дека во двор на правно лице во с.Кривогаштани биле фрлени две шишиња со запаллива течност, кои не предизвикале штета на објектот и паркираните возила. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пролетта подрани во дворот на Марија Најдовска. Уште не паднал снег во Битола, а тревникот од дворот на оваа битолчанка е полн кокичиња. Овие кревки растенија кои се сметаат за предвесник на пролетта деновиве им пркосат на студот. Бидејќи никнаа во близина на оградата, кокичиња привлекуваат љубопитни погледи од минувачите и ги потсетуваат дека одиме кон пролет.
Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат.
Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, јавни дебати без предрасуди, симулации на седници на Совет, обуки и тренинзи на теми за личен развој кои ќе ги одржат домашни и странски експерти. Повеќето млади за првпат ќе учествуваат во проект надвор од училниците или предавалните во редовното образование затоа што во помалите и рурални општини речиси и да нема неформално образование и активности за развој на младите луѓе. Дополнително, со проектот 14 млади луѓе ќе добијат шанса за платено практиканство во јавниот и бизнис секторот како и во граѓанските организации.
Про Локал, организацијата која го води проектот, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија и пелагониските Општини, ќе реализираат и 9 инфраструктурни објекти од помал обем по предлог на младите од секоја општина.
Проектот е продолжување на активностите од мината година во која исто така група од 50 млади луѓе поминаа интензивен едукативен процес за трансформација од пасивни млади во активни агенти на промени.
Предизвиците со кои се соочуваат младите од руралните места се различни од оние на младите луѓе во урбаните средини и токму затоа во рамките на проектот се креира Регионална платформа за млади во која членуваат сите 9 општини и 9 граѓански организации со мандат заедно да ги решаваат проблемите кои ќе ги идентификуваат младите.
Про Локал и локалните партнери: Еко Герила Преспа, Европска Гледна Точка, Волвокс Битола, Центар за креативни индустрии НЕБО, Младински Совет Прилеп, Младинско Здружение Пелагонци Етнос неформалните групи на граѓани Empowering Krushevo и Урбано гнездо од Кривогаштани ќе го имплементираат овој регионален проект во наредните две години.
На последната одржана седница на Наставно- научниот совет на Правниот факултет при Битолскиот универзитет беше комплетирано раководството на оваа високо-образовна установа, односно се избрани тројца продекани од редовите на еминентните професори кои последиве години се истакнаа со својата настава работа и изработка на проекти од општество и научно значење.
За продекан за настава е избрана доц. д-р Ивона Шушак Лозановска, за продекан за наука и меѓународна соработка, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и за продекан за развој и институционална соработка, вон. проф. д-р Ице Илијевски.
Денеска (23.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија службен разговор со С.Р.(46) од Битола. Тој се сомничи дека на 20.01.2023 извршил тешка кражба во куќа на ул.„Димитар Влахов" во Битола, при што одзел разни предмети.