2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

По повод новогодишните и бижиќни празници и спроти празникот Василица, денес во Старскиот дом „Софија“ во Битола лоциран во старата касарна, гостуваше ансамблот „Сирма Војвода'', кој делува при Здружението на пензионери од Битола. 

 
Од името на  Извршниот одбор на Здружението присутните ги поздрави претседателката Даница Петличкова  информирајќи ги дека тие како пензионери воопшто не треба да се чувствуваат осамени, иако се во старски дом,  зашто Здружението на пензионери поеднакво води грижа за сите свои членови.
 
Со настапот на „Сирма Војвода'' со кој диригираше Нико Наумов се почувствува пријатна атмосфера, посебно кај лицата сметсени во домот. 
 
Петличкова истакна дека и натаму Здружението на пензионери води грижа за овие лица иако во поддминати години, сепак како пензионери да ги уживаат сите права и хумани акции што здружението ги организира.   
sirma67
 
sirma68
 
sirma69
 
sirma 70

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и М.С.(38)од Битола, поради постоење основано сомнение дека на 08.01.2023 околу 15.30 часот на ул.„Солунска“ во Битола извршиле кривично дело „разбојништво“.


Имено, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец,  користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари. 
СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.

За една година цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Директорот на ДООЕЛ „Топловод“ Горан Козаров рече дека цевките влегуваат во Битола и дека топловодната гранка од РЕК е стигната на дванаесетиот километар од трасата, односно во близина на локацијата каде ќе биде кулата за дотоплување на водата на влезот од Битола. Ова е прва од трите фази за изградба на топловодот, во која се поставуваат главните цевки. Втората фаза ќе подразбира изградба на градската мрежа и разводните шахти, а потоа ќе се градат одземач и култата за дотоплување на водата.

„Во 2025 година треба да бидат приклучени 37 објекти од градот и да го почувствуваат бенефитот од топлификацијата. Топловодот ќе биде разграден на две гранки, едната по улица „Иван Милутиновиќ“, а другата по „Партизанска“. Предвидени за приклучување се 37 објекти, тоа се државни институции, судови, полиција, училишта, градинки, болницата, одредени загадувачи и објекти кои прават трансмисија на огромни количества на гасови и загревањето на тие институции чини многу пари. Бенефитот ќе го осетат прво тие, а потоа е предвидено мрежата да се разгранува низ градот, да се пројави интерес за колективните затоплувања каде има постоечки котлари“, рече Козаров.

Кога ќе се поставува мрежата низ градот ќе мора да се ископаат некои од улиците или тротоари, но потоа ќе бидат вратени во првобитна положба, за што се обезбедени финансиски средства. Во битолска „Топлификација“ која е новоформиран ДOOEЛ при ЕСМ засега е ангажиран само управителот, но претпријатието како што ќе се реализира поркетот така ќе се проширува, за на крај да биде самоодржливо и да не троши туѓи пари.

Топлификацијата на Битола од РЕК е желба на битолчани стара 40 години, откако е изграден Комбинатот, а ова се смета за еден од најкрупните прокети во последните години.

„Ова е проект кој се посакуваше 40 години откако е изграден РЕК. Проект кој се сврстува со изграбата на РЕК, Стрежево и други крупни прокети кои ќе доведат до намалување на загаденоста на градот, па бенефитите што ќе ги почувствуваат граѓаните ќе бидат од огромно значење за нив“, рече Козаров.

ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК
за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот
“Fast Forward – „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”

Над 100 луѓе дневно бараат лекарска помош во Службата за ургентна медицина при Клиничката болница во Битола, главно хронично болни и млади лица со висока температура. Со овој наплив на болни од хронични болести, настинки и грип, бројката на пациенти е иста како за време на ковид кризата. Службата е преоптоварена, а вработените имаат полни раце работа. Моменталната состојба дополнително ја отежнува маглата која не дозволува проветрување и предизвикува респираторни проблеми.

„Околу новогодишните празници се зголеми бројот на пациенти, почнувајќи од хронично болните со хипертензии, кардиоваскуларни заболувања и респираторни проблеми, но имаме и доста пациенти високо фебрилни предизвикани од настинка, грип и горно респираторни заболувања. Главно, пациентите во нашата служба се од 15 години нагоре, а зголемен е и бројот на пациенти на Педијатрија. Во овој период, опфатеноста на фебрилни пациенти е до дваесет и некоја година. Тие се со висока температура, болка во грло и мускулатура и кашлица“, вели Лилјана Котевска, заменик-раководителка на Службата за ургентна медицина.

Се препорачува редовна контрола на температурата, внес на течности, антипиретици и витамини, најмногу Ц и одмор.

Битола шест дена е под магла и со висок степен на аерозагадување со суспендирана прашина, па и тоа влијае врз покачувањето на бројот на пациенти во болницата. Денеска претпладне беа измерени многу високи концентрации на ПМ2,5 честички во Битола и висока концентрација на ПМ10. Вчера, станицата Битола 2 измери надминување на среднодневната гранична вредност на ПМ10 честички со концентрација од 163 микрограми на кубен метар, што е трипати над дозволеното. Прагот на информирање за суспендирани честички со големина од 10 микрометри е надминат во Битола, Тетово и Прилеп.

И покрај тоа што квалитетот на воздухот во Битола е класифициран како многу лош, деновиве нема протести за почист воздух како пред три години, кои ги преводеше Поинаку. Сега нивни претставници се дел од локалната власт која вчера препорача итни мерки за намалување на штетите од аерозагадувањето, меѓу кои и бесплатен превоз до Ниже Поле три дена 

82 годишниот битолски искусен планинар, фотограф, новинар и публицист Петар Ставрев по 31 пат со шише шампањ се искачи на вториот ден од Новата година на врвот Антена на Пелистер за на вработените во пунктот на МТВ да им ги честита празниците. Во планинарскиот поход за освојување по кој знае кој пат на врвот Пелистер на 2601 метар надморсака височина го придружуваше и син му Сашо Стврев, исто така истакнат фотограф и голем вљубеник во планината.

ТАТКОТО И СИНОТ

Двајцата велат дека за разлика од Битола која се гуши во магла, на Пелистер пука сонце и патот го минале без никаков проблем.

Ставрев „повлече нога“ за Нова година планинари да се искачуваат на Анетана пред три децении трагајќи по интересна новинарска тема.

„Следејќи ги дневните и неделните весници во земјава и пошироко на југословенските простори, размислував дали можам да подготвам некои написи за да се најдам во весниците во неделните броеви што беа ревијални. Дознав дека на Пелистер на 2.601 метар, на највисоката точка, се наоѓаат неколку луѓе, вработени, кои мора да дежураат и да работат иако е Нова година. Направив обид да се искачам. За да не одам празен, реков да им ја честитам Нова година со шампањско и добри желби“, вели Ставрев.

ПЛАНИНАРИ И ВРАБОТЕНИ НА ПУНКТОТ

На пунктот на МТВ работат лица кои се грижат ТВ-сигналот да тече непречено и гледачите да имаат програма. Ставрев пријатно ги изненадува секоја година. Се искачувал и по снегови доколку ратракот имал поминато до пунктот за да направи пат, по силни ветришта и други временски неприлики. Вели дека ова е традиција, но најважно е да не се отценува планината, па планинарите безбедно да се искачат горе, а и потоа да се вратат дома.

ПЕТАР НА СРЕДИНА САШО ОПД ЛЕВО

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани