2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Голем број христијански верници  ја посетија црквата „Свети Атанасиј“ во Дихово која денес го слави својот патрон празник. Тие запалија свеќа за здравје. Црквата се наоаѓа во подножјето на Пелистер, во западен правец на 3 километри  оддалечена од селото. До неа води земјен пат кој често пати го искчауваат некои од планинарите рекреативно. Свети Атанасиј годинава донесе и снег, па ја побели шумата околу манастирот. Овој празник покажа дека уште сме среде зима иако се смета дека од денес во времетраење се зголемува денот.

 

dihovo2

dihovo3

dihovo4

dihovo5

На 29.01.2023 во 06.30 часот во Полициското одделение Кривогаштани било пријавено дека во двор на правно лице во с.Кривогаштани биле фрлени две шишиња со запаллива течност, кои не предизвикале штета на објектот и паркираните возила. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пролетта подрани во дворот на Марија Најдовска. Уште не паднал снег во Битола, а тревникот од дворот на оваа битолчанка е полн кокичиња. Овие кревки растенија кои се сметаат за предвесник на пролетта деновиве им пркосат на студот. Бидејќи никнаа во близина на оградата, кокичиња привлекуваат љубопитни погледи од минувачите и ги потсетуваат дека одиме кон пролет. 

327594667 935212684517415 5548871137317509966 n

327969631 1636189100359302 7520353845308065728 n

328082328 1788582798204279 4760632529978969589 n

 

Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат.

про2

Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, јавни дебати без предрасуди, симулации на седници на Совет, обуки и тренинзи на теми за личен развој кои ќе ги одржат домашни и странски експерти. Повеќето млади за првпат ќе учествуваат во проект надвор од училниците или предавалните во редовното образование затоа што во помалите и рурални општини речиси и да нема неформално образование и активности за развој на младите луѓе. Дополнително, со проектот 14 млади луѓе ќе добијат шанса за платено практиканство во јавниот и бизнис секторот како и во граѓанските организации.

про3

Про Локал, организацијата која го води проектот, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија и пелагониските Општини, ќе реализираат и 9 инфраструктурни објекти од помал обем по предлог на младите од секоја општина.

Проектот е продолжување на активностите од мината година во која исто така група од 50 млади луѓе поминаа интензивен едукативен процес за трансформација од пасивни млади во активни агенти на промени.

про4

про6

Предизвиците со кои се соочуваат младите од руралните места се различни од оние на младите луѓе во урбаните средини и токму затоа во рамките на проектот се креира Регионална платформа за млади во која членуваат сите 9 општини и 9 граѓански организации со мандат заедно да ги решаваат проблемите кои ќе ги идентификуваат младите.

Про Локал и локалните партнери: Еко Герила Преспа, Европска Гледна Точка, Волвокс Битола, Центар за креативни индустрии НЕБО, Младински Совет Прилеп, Младинско Здружение Пелагонци Етнос неформалните групи на граѓани Empowering Krushevo и Урбано гнездо од Кривогаштани ќе го имплементираат овој регионален проект во наредните две години.

про5

про7

про9

про10

про11

 

 

 

На последната одржана седница на Наставно- научниот совет на Правниот факултет при Битолскиот универзитет беше комплетирано раководството на оваа високо-образовна установа, односно се избрани тројца продекани од редовите на еминентните професори кои последиве години се истакнаа со својата настава работа и изработка на проекти од општество и научно значење.

За  продекан за настава е избрана доц. д-р Ивона Шушак Лозановска, за продекан за наука и меѓународна соработка, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и за  продекан за развој и институционална соработка, вон. проф. д-р Ице Илијевски.

Денеска (23.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија службен разговор со С.Р.(46) од Битола. Тој се сомничи дека на 20.01.2023 извршил тешка кражба во куќа на ул.„Димитар Влахов" во Битола, при што одзел разни предмети.

Тој го признал делото, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани