АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кражба и клетви кај параклисот Света Богородица во непосредна близина на училиштето „Тодор Ангелевски“ во Битола. Некој ги украл цвеќињата со се саксија што верниците ги поставиле до параклисот под битолскиот Баир. Друг пак, откако видел дека некој без обзир кради што би се рекло од дворот на вакавско место, залепил картон со натпис „да му се исушат рацете на тој што ги зеде цвеќињата“.
Не дека арамијата ќе ги врати саксиите од параклисот, туку за да не се повтори ваквата кражба и да се однесат и другите цвеќиња кои го украсуваат просторот околу црквичето. Ова е пример дека за некои луѓе нема ништо свето, па стигнаа со цвеќиња од параклисот да си го разубавуваат дворот, а друг пак се обудуваат верско место да штитат со клетви.
Графити со навредлива содржина и говор на омраза упатена кон двајцата пратеници од власта Горан Милевски од ЛДП и Александар Кирацовски од СДСМ, како и кон генералниот директор на РЕК, Васко Ковачевски, осамнаа синоќа во Нова Битола.
За првпат по асфалтен пат ќе се стигнува од Битола до најоддалечените мариовски села Старавина и Градешница,децениски сон на жителите од мариовскиот крај, но и на многумина други кои трагаат по планинарски и туристички аватури.
Ја критикувате градоначалничката Наташа Петровска за наводен игнорантен однос, а вие избегавте од седница, ја искритикува локалната опозиција, претседателот на Советот, Валентин Груевски. На денешната седница на Совет на почетокот присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска која одговараше на советнички прашања. Потоа во интрес на времето и нејзините обврски продолжи да зборува за кварталниот извештај за буџетот за годинава. Тогаш, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, еден по еден, ја напуштија салата зашто не биле задоволни од одговорите и зашто таа дала експозе за буџетот и заминала.
По странските регистарски таблички, развиорени знаменца, па и исцртани симболи ќе дознаете каде се иселени стопаните на куќите во преспанското село Брајчино. Некои на замандалените дрвени порти прикачиле стари регистарски таблички од возила што порано ги возеле во Холандија, Германија, Канада и на други места. На некои куќи се виорат знамиња од Канада и Австралија и укажуваат дека во две прекуокеански земји денес им е распарчено семејството. Трети пак, го исцртале јаворовиот лист од канадското знаме на влезовите од куќите.
Важна работа која ја научив во моите 35 години и досега една од најважните кои воопшто сум ги научила е кога ќе ми се случи нешто да не се прашам – зошто мене? Или зошто пак? Наместо тоа, застанувам и помислувам што треба ова мене да ме научи? Најтешко за разбирање е дека привлекуваме сѐ во нашиот живот, поточно ништо не е случајно.
- Како можи да привлекувам нешто поради кое толку страдам?- ми вели една клиентка. Ја прашувам дали сега е нешто поинаку од порано? Што сега прави различно од претходно? Како се чувствува? И додека „копаме“ подлабоко, поентата е да го донесеме на свесно ниво она што подсвесно, „нѐ тера“ така да страдаме и на тој начин да веруваме, а тоа што веруваме да постане наша вистина. Страдаме затоа што тоа го бараме од универзумот сами. Се додека не ја научиме таа лекција, така и ќе биде. Иако некои не сакаат односно не се спремни да го прифатат тој факт добро знаат дека тоа „болење на душата“ предизвикало голема промена кај нив. За комплетно учење е потребна спремност за промена. Најпрво се „копа“ по ограничувачките уверувања, па своите вредности и сликата за себа. Понекогаш ги извртуваме работите и велиме наместо:
-Толку многу ме повреди!
-Јас многу се повредив од тоа како гледав на таа ситуација.
Размислете што е поинаку која ја преземате одговорноста, кој нов поглед се биди. Ако гледате на страдањето како благослов кој доаѓа за да усвоите нешто што понатаму ќе ги промени вашите уверувања за кои се вели дека одат на ниво на клетка, тогаш сте на прав пат. Во спротивно ќе се повторува додека не научите.
Не сте виновни, но сте одговорни за своите мисли, уверувања, своите вредности, сопствената слика за себе.
Пишува,
М-р Билјана Галовска професионален коуч и НЛП практикант (инфо разговор на 072/252-603 или на е-маил biljanagalovska@yahoo.com)
Експерти од европската еколошка мрежа на заштитени подрачја „Натура 2000“ во Националниот перк Пелистер открија видови застапени во европските анекси за заштита, а кои досега никогаш на македонските простори не биле откриени. Тие деновиве вршат мониторинг на флората и фауната во Националниот парк Пелистер кој е еден од избраните пилот подрачја од земјава што можат да станат дел од еколошката мрежа по зачленувањето на Македонија во ЕУ.
38 годишен битолчанец рано утрово околу 4 часот со џип нисан удрил во кружниот тек кај Педагошкиот факултет во Битола. При ударот оштетил дел од ѕидот и урнал една од канделабрите, а филџанот кој е обележје на кружниот тек остана неоштетен.
Македонско научно друштво-Битола во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ приреди промоција на книгата „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ чиј автор е д-р Менде Солунчевски, професор на Воената Академија-Скопје, Бизнис Академија Смилевски-Битола, Славјански универзитет-Свети Николе и професионалец, вработен во Министерството за одбрана.
Според рецензентот и промотор на книгата, професор д-р Лидија Стефановска, книгата на професорот Солунчевски претставува професионален и структурен спој, во една целина, на менаџментот и системот на заштита на спасување.
-Ккнигата е добро структуирано интелектуално дело, напишано со модерен стил и јасен и разбирлив речник. Вредноста на трудот посебно се зголемува бидејќи успешно е извршено спојување на две важни проблематики кои се во насока на подобрување на системот за заштита и спасување во Република Македонија. Делото на авторот Солунчевски се вбројува во еден од најсеопфатните трудови од областа на системот за заштита и спасување објавени во државата, нагласи рецензентот и промотор на книгата, професор д-р Лидија Стефановска.
Пред аудиториумот во Битола, авторот Солунчевски предочи дека современото општество презема бројни мерки и активности за заштита и спасување на населението и материјалните добра од различни извори на загрозување.
-Потребен е интегриран пристап за искористување на научните и практичните сознанија во менаџментот и заштитата и спасувањето заради воспоставување на современ менаџмент во заштитата и спасувањето, а со цел ефективно и ефикасно справување со актуелните природни непогоди и несреќи, рече меѓудругото авторот, професор д-р Менде Солунчевски на синоќешната промоција во битолската универзитетска библиотека.
Издавач на книгата „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ е Македонско научно друштво-Битола.
Натпреварот беше светски, а таа единствената Македонка што успеа да се пласира меѓу победниците. 12- годишната битолчанка Симеона Стерјева, го освои третото место на светскиот натпревар по англиски јазик „Hippo 2018“ што се одржа во Лидо ди Јесоло во Италија на 12, 13 и 14 мај годинава. Оваа ученичка од Основното училиште „Гоце Делчев“, со чиј успех се гордее цела Македонија, англиски зборува како да ѝ е мајчин јазик.