2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На денешната седница, Владата донесе историска одлука со која се усвои Предлог Програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Со оваа програма, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност. Со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство.

За да нема злоупотреби, битно е јасно да се разграничи дека целната група која ќе ја имаа оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос, поради што не можат да остварат платено породилно отсуство. Жените кои статусот на Индивидуален земјоделец го стекнале согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, се вработени лица и тие го остваруваат правото на платено породилно отсуство. Финансиска поддршка за  надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година и ги исполнува следните услови:

- Да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства  како носител или член на семејно земјоделско стопанство,

- Семејното земјоделско стопанство во кое членува, да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари.

- Да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство.

На денешната седница беа усвоени уште неколку програми од кои со посебно значење за секторот земјоделство е Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година. Целта на програмата е подобрување на производни капацитети и квалитет на производство, за производителите на храна од примарни земјоделски производи од животинско и неживотинско потекло, со неповратни авансно исплатени финансиски средства за инвестиции во опрема и ангажирање на стручно лице. Со програмата ќе се поддржат домашните производителите на храна преку проширување на постоечките капацитети, подобрување на технолошките процеси, подобрување на квалитетот на производите и развој на нови производи како и зголемена економска активност, која ќе продуцира поголеми приходи и можности за развој и нови инвестиции.

На 06.02.2023 во 13.00 часот во СВР Битола, Т. Д.Д.(38) од Битола пријавила дека на 01.02.2023, пред учичиштето во кое учи нејзината малолетна ќерка , истата била физички нападната од две малолетнички. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од битолската полиција. 

 

Веќе нема да има редици паркирани возила на улицата ,,Рузвелтова" во центарот на Битола. Поставен е синџир и знак дека е пешачка зона. Дозволен е само дотур на роба за дуќаните од 6 до 8 часот наутро. Коцката на улицата беше реконструирана пред две години и паркирањето постојано создаваше метеж, го стеснување просторот за пешаци и го нагрдуваше амбиенталниот изглед на улицата. 

АД ЕСМ потпиша договори за стипендирање со 16 студенти на Техничкиот факултет во Битола. Двајца студенти за првпат станаа стипендисти на компанијата, а за останатите 14 студенти продолжува поддршката бидејќи го постигнале бараниот просек од над 8,5 во текот на досегашното стурдирање. АД ЕСМ за овие 16 стипендисти од Техничкиот факултет во Битола ќе издвои 1.280.000 денари, односно по 80.000 денари годишно за секој.

“Тоа е финансиска поддршка од нашата компанија со цел да ги охрабриме студентите да вложат максимални напори и да стекнат знаења кои ќе им отворат подобри перспективи за работа. Нашата поддршка е доказ дека системот, државата се грижат за младите и вложуваат во младите за тие да останат тука, во Македонија и тука да ја најдат својата егзистенција. Се надевам дека наши стипендисти од Техничкиот факултет во Битола по завршувањето на студиите ќе бидат дел од АД ЕСМ, од РЕК Битола. Нашите врати се отворени за млад и квалитетен кадар кој сака да придонесе во развојот на македонската енергетика”, порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски по потпишувањето на стипендиите.

АД ЕСМ на Техничкиот факултет во Битола досега има доделено вкупно 26 стипендии. Почнувајќи од 2021 година, износот на една стипендија е зголемен на 80.000 денари, наместо дотогашните 60.000 денари. Во насока на поддршка на Техничкиот факултет Битола, АД ЕСМ во 2019 година додели 10.000 евра за инсталирање на фотоволтаици на покривот на факултетот.

СТИ

СТИ3

Културен и информативен центар - Битола објавува конкурс, со траење од 01.02.2023 до 31.03.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада "Ех таа серенада" 2023 .

Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма.

Музичките дела треба да се достават како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на електронската адреса serenadakicbt@gmail.com

За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари.

Во корист на квалитетот на фестивалот, организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори, и ја задржува целосната контрола врз аранжманите, поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот.

Фестивалот "Ех таа серенада" 2023 ќе се одржи во Офицерски дом – Битола (плато) во рамките на Бит Фест 2023.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.04.2023.

Студентите на УКЛО ќе ја збогатат рекреацијата и забавата. УСС УКЛО им овозможува танц сесии во соработка со танцовиот спортски клуб ТСК СТЕП АП.

Танцувачките вештини студентите од УКЛО ќе ги практицираат со лиценцирани тренери, почнувајќи од март, па се до мај 2023 г. за кои пријавувањата се во тек.
 
Од УСС УКЛО оценуваат дека активноста е креирана да им помогне на студентите да го намалат стресот пред испити, да ја ослободат енергијата и да бидат среќни и воедно, да ги подобрат танцувачките вештини кај сите заинтересирани, особено за оние што ги очекува апсолвентската вечер.
 
Воведувањето нов квалитет во социјалното живеење и забава за студентите силно е поздравено и поддржано од Универзитетот и раководството на УКЛО кое ја негува заложбата за вклучување нови содржини што ќе го  подобруваат севкупното студентско живеење.
 
„Танцот е холистичка активност на умот, телото и душата. Танцот го намалува стресот, ја ослободува енергијата, го поттикнува ендорфинот и ве прави среќни. Да танцува треба секој кој се стреми кон личен напредок, кој има потреба од подобрување на самодовербата, зголемување на концентрацијата, развивање на тимскиот дух, позитивно размислување, дисциплината, држењето и говорот на телото. Танцот е спорт и тоа еден од најкомплексните. Ја подобрува општата кондиција, издржливоста, ги тонира мускулите, одличен е кардио фитнес, ја зголемува флексибилноста на телото. Подеднакво важен и за машкиот и за женскиот пол. Исклучително корисен за сите студенти и студентки на УКЛ“, напиша на својот ФБ профил проректорката Јасмина Буневска Талевска. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани