2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола м-р Бојан Стефановски и претседателот на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“-Битола Елизабета Јончиќ потпишаа меморандум за соработка.

На средбата се дефинираше начинот и услови за соработка помеѓу овие две институции. Дел од активностите на овој меморандум се промоција на нови изданија на членовите на БКК, реализација на заеднички работилници од областа на книжевноста, реализација на литературни конкурси, читања, тркалезни маси и слично..

Настап на Дувачкиот орекестар на Свечената академија по повод 80- годишнината од формирањето на партизанските одреди и загинувањето на битолските партизани- народни херои.   

„Над 80 проценти од ромското население не знае дека ПАП тест може да се направи бесплатно, жените не знаат дека еднаш на шест месеци или годишно треба да одат на преглед за дојки. Ромите одат на испитување кога е многу доцна за нивното здравје“, рече Фатма Бајрам Аземовска од Здружението „Сумнал“ кое е еден од основачите на Здравствениот-едукативен центар за Роми отворен денес во Битола. Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус плус програмата во соработка со други партнери, а вклучени се седум држави каде исто така отворени се вакви центри.

„Се заминаваме со образованите активности, но видовме дека е многу важно да го погледнеме и здравствениот дел. На овој проект му претходеше и истражување, а податоците што ги добивме беа на многу незадоволително ниво. Видовме дека Ромите одат на испитување кога е многу доцна, а не ги знаат бесплатните едукативни програми што ги дава државата. Во следните три години ќе организираме работилници, неформално образование, спортски активности, образовни едукативни камањи, активности за превенција и добивање здравствено осигурување, редовно спортување , здрава исхрана, мерки за превенција од рак, совети за повозраната група околу вакцинирањето на децата, прегледи и тремани на заби“, рече Бајрам –Аземовска.

Ова е прв ваков центра во државата, а поседувањето меѓу здравствените институции и ромското население ќе го врши преку здравствен медијатор.

„Сето ова со со цел да се подобри здравјето на Ромите зашто тие се маргинализирана група. Се определив за медицината бидејќи со неа можеме да доприме до поголме број луѓе , да им помогнеме, а на Ромите им треба таква помош“, рече Мелиса Комина здравствен медијатор за Македонија.

306121439 775583043723662 4556252185449193649 n

 

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сепсата 13 септември, Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиничка болница Битола оваа година по првпат во Македонија се вклучува во светското одбележување на овој ден и по тој повод организира стручен состанок под овогодинешното мото "Да ја направиме Сепсата национален и глобален здравствен приоритет".
Стручниот состанок ќе се одржи на 13 септември во вторник со почеток во 12 часот на Високата медицинска школа во Битола.

 

 На 09/10.09.2022 во времето од 22-02.00 часот полициски службеници од СВР Битола-ОКП Битола при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти, обиколка на школски дворови, паркови, паркинг простори, игралишта во Битола, затекнале малолетници  кои се послужени со алкохолни пијалаци и кај кои било утврдено присуство на алкохол. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.

Имено, на 09.09.2022 во 22.45 часот при контрола во угостителски објект на ул."Широк сокак" беа затекнати три малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик. Исто така, на 10.09 во 01. 00 часот во продавница лоцирана на ул"Широк Сокак" управител и вработено лице послужиле три малолетници со алкохол. Децата се предадени на родителите. Следува соодветна кривична пријава. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани