АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Корча е реализиран проект „Билатерална соработка на библиотекари и презентација на библиотечни програми во услови на пандемија(Ковид-19)- искуства на македонски и албански библиотекари во Корча“ каде што беа разменети искуства од областа на библиотечното работење.
Координатор на проектот и предавач м-р Јелена Петровска со презентација насловена како „The impact of the Libraries in the time of Covid” (Активности на библиотеките во времето на Ковид) зборуваше за можности за реализација и работа на библиотеките во сложени услови поврзани со пандемија.
Во другиот дел на презентацијата беа претставени најуспешните и иновативните проекти кои библиотеката ги има реализирано како во државата, така и во меѓународната соработка.
На покана на координаторот на средбата активно учество зедоа библиотекарите од Библиотека од Гостивар, како и библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ кои работат на проекти и во библиотечната дејност. Се покажа дека е можна дисеминација на проекти и знаења, но уште поважно дека проектите можат да бидат во функција за градење на ефикасниот тим во остварувањето на библиотечните активности.
На Средбата беа присутни и претставници на Универзитетот од Корча кои најавија интерес за соработка со Битолскиот универзитет, а целиот настан беше проследен од присутните медиуми и новинари кои имаа повеќе прашања за функционирање на библиотеките во Р.С. Македонија.
Во Корча е потпишан Меморандум за соработка во областа на библиотечната дејност.
Советниците од Левица на денешната седница на Совет побараа да биде донесена одлука со која ќе се објавуваат огласите за вработување и намерите за склучување договор на дело на веб страницата на Општина Битола. Освен двајцата советици од Левица, Горан Велевски и Гаврил Трајковски, сите останати присутни советници 26 на број и од власта и од опозицијата гласаа воздржано.
Општина Битола донесе одлука за финансиска поддршка од 3.000 денари за семејствата кои имаат запишано дете во прво одделение за учебната 2022/2023 година.
„Поради стартот на новата учебна година сметавме дека родителите треба да добијат некаква поддршка за своите деца бидејќи сите се соочуваме со финансиска криза“, рече претседалката на Совет Габриела Иливеска.
Во текот на вчерашниот ден (14.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 30 возачи. Од нив 25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 5 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно се да придонесе за посигурни патишта.
Бимилк и УСАИД со заеднички проект за модернизација на малите и средни фарми