2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Градоначалникот Тони Коњановски или да создаде услови за земјоделците да продаваат во пазарот или да побара од Советот поништување на одлуката со која ги избрка од паркингот. Плус, да ги обештети земјоделците за сите месеци во кои се оставени ни угоре ни удолу, рече Мирјана Захариевска Ралевска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ.

„Стотина семејства – производители на земјоделски производи се оставени на цедило, излажани и изманипулирани, заради неспособноста на градоначалникот Тони Коњановски. Ниту една обврска што ја презеде Јавното претпријатие Пазари не е исполнета, а поминаа четири месеци. Земјоделците се избркани од паркингот, а немаат каде да продаваат оти тезгите уште не се распределени, нема колички за дотур на роба, нема канти за ѓубре, нема црево за миење. Од проектот, пак, за промена на кровот што го вети Коњановски, нема апсолутно ништо. Во новиот пазар има само страшна нехигиена и глутници кучиња скитници“, рече советничката.

Таа обвини дека од ситуацијата штети трпи и Јавното претпријатие Пазари кое сред лето наместо да наплаќа за тезгите, одвај собра пари да подели плата на вработените.

„Ако градоначалникот се плаши да не ја растури коалицијата со Поинаку заради паркингот кај новиот пазар, нека не се плаши од советниците. Трета седница по ред Коњановски го нема во Советот. Нека не се крие зад партиски соопштенија напишани по канцеларии низ општината и нека се појави пред нас советниците и пред пазарџиите за да објасни кога и како ќе заврши оваа голгота. Ако не сака тој, нека го прати секретарот во општината, Борче Димитровски. И онака веќе не се знае кој управува со општината – ДПМНЕ, Коњановски, Димитровски или Поинаку и Илиевска“, рече Захариевска- Ралевска.

Општина Битола, по денешната реакција на пазарџиите со закупени тезги во Новиот реонски пазар, кои побараа промена на одлуката со цел да се вратат на претходната локација на паркинг просторот и таму да ги продаваат производите, ги известува пазарџиите и граѓаните дека во Новиот пазар веќе се преземени сите мерки за подобрување на условите и надминување на пречките за закуп на тезги.

На 26 април Управниот одбор на ЈП Пазари донесе одлука со која што се укинува претходната одлука донесена од 2014 година и се носи одлука идентична со претходната, само се укинува продажбата на производи на паркингот од камион.

На 29 април на седница на Совет истата одлука беше едногласно усвоена од страна на сите советници, со одредени забелешки, кои ЈП Пазари требаше да ги отстрани.

Едно од барањата беше реорганизација на тезгите, која е комплетно завршена, според форма која е најфункционална и за пазарџиите и за купувачите. Нефункционалноста и нехигиената во тоалетите е отстранетa како забелешка, а се направи и соодветно обезбедување на влезови и излези на пазарот за слободен дотур на храна, со што сите забелешки се отстранети, а дополнително се набавени колички за дотур на стока.

Ваквиот потег на ЈП Пазари, следуваше по големиот број на реакции од страна на граѓаните кои што живеат во околината на пазарот, реакциите од страна на дуќанџиите кои што имаат дуќани во пазарот и од страна на закупците во пазарот, пред сѐ на нехигиената која што беше составен дел од продажбата на паркинг просторот, без никакви хигиенско-технички услови за продажба на храна.

ЈП Пазари континуирано работи на подобрување на условите за продавачите, така што се обезбедени 24 слободни уредени тезги, односно продажни места во Новиот реонски пазар и 30 плацеви за продажба од камион/приколка во Градскиот пазар.

Даница Петличкова останува на чело на Здружението на пензионери од Битола. Таа беше едногласно избрана за претседател на Ивршниот одбор, но и за прв човек на Здружението на редовните избори што се одржаа овој месец.

Од Здружението соопштија дека изборите се беа спроведени законски и во регуларна постапка.

Имено, на 22. 07.2022 година согласно Статутот на Здружението и Законот за здруженија и фондации, изборите ги распиша претседателот на собранието на Здружението на пензионери –Битола. Избоите по месните ограноци се одржаа на 25.07.2022 год. на собирите во месните ограноци и се избираа претставници за собранито и петочлен одбор заедно со претседател на огранокот

  Со уредни доставен дневен ред и материјали Седницата  на собранието беше закажана на 03.08.2002 година. Но, не се одржа  поради упад  на толпа  од 150 пензионери кои ја  узурпираа салата за состаноци  во Здружението  и бараа нови избори.

 По вторпат седницата беше закажана за  08. 08.2022 година  со  49 избрани  преставници на Собранието, таа се одржа и беа избрани органите и телата во  сгласност на  статутот на ЗП Битола.

 За претседател на извршниот одбор, а воедно и претседател на Здружението на пензионери, едногласно  беше избрана Даница  Петличкова досегашна претседателка. За претседател на Собранието едногласно беше избран Крсте Белевски и заменик Вера Горшевска. Избран беше и Надзорен одбор од три члена и Комисија за Статут и правни прашања, исто така од три члена.

Претседателката Петличкова се заблагодари на довербата и вети дека во следниот четиригодишен мандат заедно со нив  ке продолжи да работи во согласност со Програмата за работа и финансискиот план ,во  интерес на пензионерите.

пензипензи

Основниот суд во Битола, кој е со проширена надлежност и ги решава предметите и од општините Новаци, Могила и Демир Хисар, се соочува со недостиг на судии. Годишно решава околу 22 илјади судски премети, а работи со 14 судии, од кои едниот е в.д претседател. Од судот велат дека согласно Законот за судовите како суд со проширена надлежност би требало да има 25 судии. Тоа значи дека недостигаат скоро половина. Недостигот на судски кадар се должи на пензионирањето на тројца судии од први јули годинава.

„Како одговор на вака настанатата ситуација, овој суд пристапи ко реорганизација на работниот процес, на начин што се изврши промена на распоредот на работата на судиите кои се на располагање, така што судии од граѓанска материја се вклучени да постапуваат и во предмети од прекршочна материја“, соопштија од Основниот суд Битола.

Ситуацијата се планира да се надмине со прилив на нов кадар за судии од Академијата за судии и јавни обвинители кои очекуваат дека ќе бидат избрани и најбрзо ќе започнат со работа во почетокот на 2023 година.

ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски не сакаат да соработуваат со директорите на училиштата поставени во време на СДСМ кои уште имаат мандат и со најподли методи се обидуваат да ги отстранат од раководните места. Притисоци да се повлечат, паушални ревизии од општината за кои однапред се знае исходот, закани дека ќе им бидат одземени часовите и ќе бидат прогласени за технолошки вишок...се секојдневие за директорите. На училиштата не им се одобруваат програмите за работа, не им се префрлаат средства и покрај законската обврска на општината, се смислуваат илјадници сопки со кои се саботира работата на училиштата, без нималкуда се води сметка дека тоа се воспитно – образовни установи за деца. Проверените рижимски методи на ДПМНЕ се вратија во Битола уште пожестоко отколку во времето на Груевски и Талески. Коњановски и неговите соработници се покажаа како нивни добри ученици, рече Ивона Трифунов, член на НО на СДСМ Битола.

 Таа додаде: Од друга страна, СДСМ и кога нема можност преку општината, преку Министерството за образование реализира проекти за подобрување на условите за учење и работа во битолските училишта. Во завршна фаза е реконструкцијата на фасадата и на спортските терени на ОУ Коле Канински, се реконструираат спортските терени во Таки Даскало, неодамна заврши реконструкцијата на терените во Средното техничко училиште. Сите овие се проекти реализирани од Владата на СДСМ и Министерството за образование и се дел од сериозните инвестиции во битолските училишта што ги реализираме изминатите пет години.

-Какви беа и какви се сега битолските училишта гледаат, зборуваат, судат граѓаните. Тие судат и за локалната власт предводена од Коњановски и ДПМНЕ која со сила, притисоци, закани и уцени мисли дека нешто може да постигне. Оти реалноста е сурова. За десет месеци власт во Битола, ДПМНЕ и Коњановски не постигнаа апсолутно ништо“, рече Трифунов..

Вчера во посета на  НУ Библиотека „ Григор Прличев“ во Охрид беше проф. д-р Марјан Танушевски, новинар-публицист од Битола. На средбата со директорот Библиотека м-р Милчо Јованоски, Танушевски се интересираше за развојот на установата , како и за новите библиотекарски трендови.

Директорот Јовановски  го изрази задоволството од посетата на д-р Танушевски, негов колега, новинар и публицист и кажа дека Библиотека се стреми да ја продлабочи соработката со научната и стручна фела во интерес на консументите – читателите и збогатувањето на одделот и фондот за стручна литература со што од ден во ден се збогатува и наша понуда.

Танушевски, освен со новинарство, се занимава и со научно-истражувачка и публицистичка дејност и е избран надворешен соработник на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, АНУБИХ – Сараево и избран вонреден професор на Бизнис-академијата Смилевски, БАС – Скопје.

Screenshot 20220809 150709 Gallery 361x600

Проф. д-р Танушевски е автор на 11 книги, 1 аудиокнига, 1 монографија, а приредил и 1 самостојна изложба на документи и фотографии со наслов „Наши години“.

Во професионалната кариера е наградуван со: Гран при награда – „Денови на Македонско радио“, Струга (1997), прва награда, „Документарна програма“- „Денови на Македонско радио“ (1997), плакета на МНД – Битола за афирмација на научната мисла (2010), новинар на годината, „Битолски весник“ (2011), Претседателски медал LCI „Европа форум Скопје“ (2018), Кристална коцка, за развој и афирмација на Македонско научно друштво – Битола (2020).

Со донацијата на д-р Танушевски, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе може да се изнајмат и прочитаат следните негови авторски дела:

„Битолски хорологион“ (2021)

Монографија „60 години ДНУ/МНД – Битола 1960 – 2020“, (2020)

„Лобирање во културата, Конзулската дипломатија во Битола“, (2018)

„Нов практичен водич за лобирање“, (2016)

Преземено од bibliotekaohrid.mk 

Manual for Transparent Lobbying of the Civil Organizations, (2014)

„Прирачник за транспарентно лобирање на граѓанските организации“, (2014)

„Лобирање во локалната самоуправа“ (2009)

НУ Библиотека

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани